Се гаѓа себеси со ножеви, обвиненија за сатанизам - Факти за Марина Абрамовиќ, најпознатата српска уметница
Пораснала во семејство на национални херои од НОБ, важи за една од најпознатите светски уметници, а се шпекулира дека е предводничка на сатанистички култ во кој членуваат голем број познати политичари и славни личности – Што знаеме за Марина Абрамовиќ?
Марина Абрамовиќ е родена на 30-ти ноември 1946-та година во Белград, во семејството на двајца национални херои во Втората светска војна, кои во повоениот период имале високи положби во тогашната југословенска влада.
До нејзини 6 години, Марина растела со баба ѝ која била мошне религиозна, па така вели дека деството го поминала во црква и редовно ги следела ритуалите на нејзината баба – палење свеќи секое утро, свештеник во домот, молитви.
Кога имала 6 години, се родил нејзиниот брат па тогаш Марина почнала да живее со родителите и целосно ѝ се променил животот, па почнала да учи да свири клавир и да изучува француски и англиски јазик, а уште тогаш во слободно време почнала да слика.
Во една прилика Марина откри дека мајка ѝ била мошне строга, па во тинејџерските денови морала да се враќа во 10 часот навечер од излегување, а бракот на нејзините родители бил мошне проблематичен со постојани расправии и конфликти.
Марина дипломирала на Академијата за уметност во Белград во 1970-та година, а во 1972-ра година ги завршува и постдипломските студии во Загреб, по што почнала да работи како универзитетски професор.
Во периодот од 1971-ва година до 1976-та била во брак со српскиот уметник Неша Парпировиќ, по што заминала да изведе перформанс во Амстердам и одлучила да се пресели таму.
На почетокот на 90-тите предавала на универзитетите во Париз и во Берлин, а денес живее во Њујорк.
Во Холандија ќе се запознае со уметникот Франк Уве Лаѕсипен, попознат како Улај со кого била во романтична врска и заедно настапувале во периодот од 1976-та до 1988-ма година.
Најинтересно е нивното раскинување што било проследено со перформанс на Кинескиот ѕид, насловен The Lovers.
Двајцата уметници тргнале од спротивни страни на Кинескиот ѕид и чекореле 3 месеци еден кон друг за да се сретнат некаде кон средината на градбата.