Се гаѓа себеси со ножеви, обвиненија за сатанизам - Факти за Марина Абрамовиќ, најпознатата српска уметница

Таа вели дека имала 3 абортуси, а дека е благодарна затоа што нема деца, затоа што тоа ќе ѝ ја уништело кариерата.

Позната по нејзините перформанси што често вклучуваат ритуали и гестикулација, а така благодарение на перформансот „Духовно готвење“ од 1987-ма година каде пишувала фрази користејќи крв од свиња, српската уметница ќе се најде на удар дека е сатанистка и предводничка на култ.

Познати се и нејзините перформанси „Исповед“ каде речиси еден час гледа во едно магаре и „Ритам“ во кој буквално пролеала крв за уметноста.

Користејќи дваесет ножеви, два магнетофона и камера, таа пред публиката играла нешто како руски рулет.

Со сè побрзо темпо, Абрамовиќ фрлала ножеви меѓу испружените прсти и секогаш кога ќе го исечела прстот со брзина на движење, ќе земела нов нож додека истовремено го снимала целиот процес.

skandalozni-umetnichki-performansi-velat-deka-ja-vovlekla-lejdi-gaga-vo-satanizmot-koja-e-marina-abramovikj-najpoznatata-srpska-umetnica-09.jpg

Во 2016-та година Викиликс објави повеќе мејлови од главниот човек на кампањата на Хилари Клинтон за претседател на САД.

Помеѓу мејловите ќе се најде и една покана за присуство на повторната изведба на перформансот Духовно готвење, а една реклама од 2020-та година за Microsoft ќе повлече детална дискусија и дебата на социјалните мрежи дека Марина е предводник на сатанистички култ во кој учествуваат голем број политичари и познати личности.

skandalozni-umetnichki-performansi-velat-deka-ja-vovlekla-lejdi-gaga-vo-satanizmot-koja-e-marina-abramovikj-najpoznatata-srpska-umetnica-02.jpg

Дополнително се знае дека Марина Абрамовиќ ѝ била тутор на Лејди Гага за уметнички перформанс во 2013-та година и дека под нејзино влијание сите изведби на пејачката наводно се сатанистички.

Во една вежба за перформативни уметности, Марина ја натерала Лејди Гага да оди во шума, да се соблече сосема гола и да талка додека не го најде патот до дома.

skandalozni-umetnichki-performansi-velat-deka-ja-vovlekla-lejdi-gaga-vo-satanizmot-koja-e-marina-abramovikj-najpoznatata-srpska-umetnica-18.jpg

Марина ги отфрли сите овие тврдења и рече дека таа е уметник, а не сатанист.

1550.png

  Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
Факти за единствениот жив син на Гризелда Бланко: Ја мрази серијата, има бизнис за марихуана Кратко пред премиерата на серијата Griselda, Мајкл Корлеоне Бланко, синот на так...
2 пати ќе загинел со неговиот авион, почина од рак на панкреасот – Факти за Патрик Свејзи 10 години се борел со алкохолизмот, пушел по 60 цигари дневно и двапати за малку...
„Мурго и коската“ и уште 4 кратки раскази на Толстој кои носат големи мудрости Сите знаеме кој е Лав Николаевич Толстој, но дали знаете дека освен долги романи...
Му била прва братучетка, не можела да му прости што зел втора жена – Факти за првата сопруга на Сада... За првата сопруга на Садам Хусеин некои велат дека била подеднакво сурова како н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg