10 забавни цитати на сметка на мажите (на кои жените слатко ќе се насмеат)
„Маж е некој што откако ќе го фрли ѓубрето, остава впечаток дека штотуку ја исчистил целата куќа.“ „Понекогаш гледам некој маж и си мислам: „Навистина? Тоа е сперматозоидот што победи?“
Како би ги опишале мажите? Жените како секогаш да имаат замерка на нивното однесување и начин на кој функционираат... Едноставно сме различни светови, зарем не?
Ајде малку да се позабавуваме со шеги на нивна сметка (се надеваме нема да ни се налутат):
„Мажите мислат дека ако ја подигнат ногата кога испуштаат гасови се забавни.“
„Еден ден сакам да смислам направа што ќе ги спречува мажите да прават глупави работи.“
„Маж е некој што откако ќе го фрли ѓубрето, остава впечаток дека штотуку ја исчистил целата куќа.“
„Понекогаш гледам некој маж и си мислам: „Навистина? Тоа е сперматозоидот што победи?“
„Јас не сум против мажите. Јас сум против глупавоста.“
„Некогаш ќе сретнеш маж од кој ќе ти се затресат колената и кој ќе ти го вети светот. Само тресни го и бегај од него.“
„Јас не сум психијатар, но верувам дека многу мажи страдаат од преголемо его.“
„Извини, не мислев дека си ист како сите други, мислев дека си полош.“
„Престани да го чекаш принцот Совршен, стани и најди го – најверојатно е заглавен на некое дрво или нешто.“
„Не можам да се одлучам дали да го треснам по фаца или да имам бебиња од него.“
С. С. | Црнобело / фото: depositphotos.com