„Нема свадба без солзи, нема погреб без смеа“ - Италијански поговорки кои се вистинска народна мудрост и во современиот свет
Италија - лулка на европската цивилизација, татковина на ренесансните генијалци, асоцијација на држава - чизма, но и вистински извор на народната мудрост.
Место каде живеат неверојатно весели, емотивни луѓе, љубители на вино и убави жени, како и познати стогодишници од кои можеме многу да научиме.
Во морето поучни и корисни поговорки издвоивме некои кои и ден-денес, во современиот свет во кој живееме можат да послужат како совет или потсетување во одредени ситуации.
Италијански поговорки кои се вистинска народна мудрост корисна и за современиот свет:
„Заштедените пари се двојно заработени“.
„На оној кој се смее без посебна причина му треба повеќе образование“.
„Еден цвет не прави венец“.
„Кога играта ќе заврши, кралот и пионот завршуваат во истата кутија“.
„Одмаздата е јадење кое треба да се служи ладно“.
„Кога убава жена се смее, нејзиниот паричник плаче“.
„Во љубовта и војната победуваат оние кои не заминуваат“.
„Подобро е да живееш еден ден како лав отколку сто години како овца“.
„Нема свадба без солзи, нема погреб без смеа“.
„Кој се познава себеси го познава целиот свет“.
„Боже, спаси ме од моите пријатели, а од непријателите ќе се чувам самиот“.
„Сеќавањето на страдањето ја удвојува среќата“.
„Странскиот јазик подобро се учи во кујна отколку во училиште“.
„Онаму каде што недостасува сила, тоа го надополнуваме со волја“.
„Ако не се стари, виното и пријателството не вредат ниту денар“.
„Ако лажете, бидете кратки“.
„Одвреме-навреме трпете будали - можете да научите нешто корисно. Но, никогаш не се расправајте со нив“.
„Постојат два начина да се расправате со жена. Ниту еден од нив не функционира“.
„Ако сакаш да те ценат – умри“.
„Кога ќе земете жена и ќе купите коњ, затворете ги очите и верувајте во Бога“.
„Никој не сака да биде сам, дури ни во рајот“.
„Љубовта, пожарот и кашлицата не можат да се сокријат од луѓето“.
Мила М. | Црнобело