Сакал да стане доктор, црковно лице му ја предвидело судбината – факти за вонсерискиот актер Дензел Вашингтон
Дензел Вашингтон е едно од најомилените и најпочитуваните имиња во Холивуд. Децениската кариера на феноменалниот, талентиран актер придонесе тој умешно да „плива“ од една во друга улога, а речиси сите негови филмски портрети се здобија со високи критички оцени.
Со два Оскари, три Златни глобуси и безброј други номинации, како и прогласувањето на People како најсекси маж на светот – Вашингтон со сигурност претставува модел за успех.
Неговото пространо портфолио опфаќа повеќе од 50 општествено свесни драми, биографии, како и напнати трилери. Покрај создавањето извонредни филмови, Дензел заедно со режисерот Спајк Ли го отвори патот и за други афро-американски актери и актерки.
Во продолжение за вас издвоивме повеќе факти за животот и делото на овој маестрален актер:
Дензел Вашингтон е роден на 28 декември 1954 година во Њујорк
Тој е роден во Маунт Вернон, Њујорк во 1954 година и таму растел до 14-годишна возраст, кога неговите родители го испратиле во интернат. Подоцна дипломирал на Универзитетот Фордам, во 1977 година, каде студирал новинарство.
За време на студиите, Дензел не можел да се одлучи за својата идна професија
Како и многу други студенти, Дензел бил на раскрсницата дали да ги следи сопствените желби при изборот на професија или да им верува на своите таленти и да го одбере можниот перфекционизам.
Успеал да помине неколку курсеви пред да сфати што сака да прави во животот. Тој првично сакал да стане доктор, па почнал да студира биологија на Универзитетот Фордам. По некое време решил да стане политиколог. Без да ја заврши обуката, решил да се обиде во улогата на креативен директор на Летниот камп на ИМКА.
За тоа време го пронашол својот талент за глума, па инспириран од поддршката на колегите од кампот, се вратил на училиште и дипломирал драма и новинарство.
По завршувањето на факултетот неговите актерски врати се отвораат
Својот интерес за глума Дензел продолжил да го негува откако дипломирал и се преселил во Сан Франциско.
Таму Вашингтон се здобил со својот прв „вкус“ за театар, добивајќи ја стипендијата за Американскиот конзерваториумски театар. Вашингтон за првпат бил забележан од јавноста во 1982 година, кога се приклучил на актерската екипа на долготрајната ТВ серија St. Elsewhere.
https://www.instagram.com/p/CO--AXqlQan/
Прв долгометражен филм на Дензел Вашингтон е комедијата Carbon Copy од 1981 година, во која глуми вонбрачнен афроамерикански син на деловен директор кој го игра Џорџ Сегал.
Жена во црква му предвидела светла иднина
Ако некој има причина да верува во чуда и предвидувања, тоа со сигурност е големиот Дензел. Еднаш, во младоста, една жена која била црковно лице му напишала некакво пророштво за тоа што Дензел го очекува во иднина.
Таа предвидела дека ќе дојде денот кога тој ќе настапува пред милиони луѓе. Дензел го чувал ова парче хартија долги години.
Дензел претпочита сам да ги изведува „покомплицираните“ филмски акробации и зафати
Иако е тешко забележите додека гледате филмови, сепак во многу сцени постојат каскадери при изведување на потешките трикови.
И не е дека во тоа има нешто лошо, освен што актерите кои ги сами ги изведуваат филмските акробации, во очите на обожавателите се многу поголеми од нивните колеги кои работат со каскадери.
Исто како Џеки Чен и Џејсон Стејтам, Дензел ги прави повеќето филмски акробации. Еден пример е филмот The Book of Eli од 2010 година, a нешто подоцна и во филмот од 2012 година наречен Safe House.
Доколку не успеел во актерството, би бил одличен војник
Очигледно, ако Дензел успеел во актерска кариера, ќе бил одличен војник. Тој одигра шест различни воени улоги и не ги разочара ниту „најлакомите“ гледачи.
Меѓу неговите најдобри филмови во армиските води се: Courage Under Fire и Manchurian Candidate.
Поради стара кошаркарска повреда, малиот прст на Дензел на десната рака е под агол од 45 °
Долната фаланга е свиткана до тој степен што е тешко да не се забележи. Но, и покрај оваа мала мана, Дензел е еден од најпривлечните актери.
Дензел за првпат ја сретнал својата сопруга на снимањето на еден телевизиски филм
Во 1977 година, Вашингтон и Паулета Пирсон добиле улоги во филм направен за ТВ „Вилма“. Станувало збор за биографски филм за спринтерката Вилма Рудолф, освојувачка на златни олимписки медали.
Нивните судбини се вкрстиле играјќи заедно споредни улоги: тој го портретирал сопругот на Рудолф, додека таа била една од другите тркачи. Дури една година подоцна тие се поврзале, прво на забава, а потоа на театарска претстава.
Еден интересен податок вели дека Дензел морал да ја запроси сопругата Паулета цели три пати, пред таа да го каже судбоносното „да“.
Дензел и Паулета се горди родители на четири деца, меѓу кои синовите Џон Дејвид и Малколм и ќерките Оливија и Катијa. Двете ќерки и нивниот првороден син ги следеа стапките на своите родители и одамна се навлезени во филмската индустрија.
Прочитајте и Дензел Вашингтон (66) и Паулета (70) се 38 години во среќен брак, таа не верува во гласините за неверство – Факти за славниот актер
Мила М. | Црнобело