Дензел Вашингтон (66) и Паулета (70) се 38 години во среќен брак, таа не верува во гласините за неверство – Факти за славниот актер

Станал бунтовен по разводот на родителите и се дружел со криминалци, неговата сопруга го одбивала за брак двапати, а сега се во среќен брак иако имало гласини за неверство – факти за легендарниот актер Дензел Вашингтон.

denzel-vashington-so-pauleta-se-38-godini-vo-srekjen-brak-a-taa-ne-veruva-fakti-za-slavniot-akter-01.jpg

За Дензел Вашингтон (66) како актер можеби и не треба премногу да се говори. Тој е еден од актерите што ѝ е мошне познат на јавноста.

Тој е роден во семејство на татко свештеник и мајка стилист, а неговите родители се развеле кога имал само 14 години.

Во продолжение повеќе интересни факти за него што можеби не сте ги знаеле:

Како дете го метел подот во берберница

Мајка му на Дензел му помогнала да ја најде првата работа кога имал само 11 години. Тој почнал да работи во берберница, каде го чистел подот и завршувал други обврски за дневница од 11 долари.

denzel-vashington-so-pauleta-se-38-godini-vo-srekjen-brak-a-taa-ne-veruva-fakti-za-slavniot-akter-02.jpg

Завршил воено училиште

Родителите на Дензел се развеле кога имал 14 години. По ова, Дензел станал мошне бунтовен и недисциплиниран, поради што мајка му одлучила да го прати во воено училиште.

Тој во една прилика изјави дека оваа одлука на мајка му му го спасила животот, затоа што претходно се дружел со зависници од дрога и криминалци.

denzel-vashington-so-pauleta-se-38-godini-vo-srekjen-brak-a-taa-ne-veruva-vo-fakti-za-slavniot-akter-11.jpg

Му требало долго време за да ја избере професијата

Кога почнал да студира како главен предмет избрал билогија, па потоа се префрлил на политички науки. Со оглед на тоа што бил мошне неодлучен за идната професија решил да направи пауза.

Конечно во 1977-мата година дипломирал драма и новинарство.

denzel-vashington-so-pauleta-se-38-godini-vo-srekjen-brak-a-taa-ne-veruva-fakti-za-slavniot-akter-04.jpg

Тој го носи името на докторот што ја породил баба му

Таткото на Дензел Вашингтон го носи името на лекарот што ја породил мајка му, па оттука актерот Дензел кој го носи името на неговиот татко, исто така го носи името на лекарот.

denzel-vashington-so-pauleta-se-38-godini-vo-srekjen-brak-a-taa-ne-veruva-fakti-za-slavniot-akter-03.jpg

Сам ги изведува каскадерските движења

Дензел сам ги изведува најголемиот дел од каскадерските движења во филмовите. Така во филмот „Safe house“ Дензел двапати завршил со повреди додека со Рајан Рејнолдс сами ги играле каскадерските сцени.

denzel-vashington-so-pauleta-se-38-godini-vo-srekjen-brak-a-taa-ne-veruva-fakti-za-slavniot-akter-05.jpg

Сопругата трипати го одбивала пред да се омажи за него

Со сопругата Паулета Пирсон (70) се запознале во 1977-мата година на снимањето на ТВ филмот Wilma.

Во брак се од 1983-тата година, откако претходно двапати го одбила неговиот предлог за брак. Прифатила да се омажи за него кога ја запросил по третпат.

Денес имаат 4 деца заедно и во брак се цели 38 години.

denzel-vashington-so-pauleta-se-38-godini-vo-srekjen-brak-a-taa-ne-veruva-fakti-za-slavniot-akter-06.jpg

Гласини за неверство

Во 1995-тата година Дензел и Паулета ги обновиле брачните завети, а две децении подоцна таблоидите беа преплавени со наводни фотографии што го докажуваат наводното неверство.

Сопругата не веруваше во ваквите гласини, и изјави дека таа премногу добро го познава сопругот.

denzel-vashington-so-pauleta-se-38-godini-vo-srekjen-brak-a-taa-ne-veruva-fakti-za-slavniot-akter-08.jpg

За тоа како толку долго време имаат успешен брак Дензел во една прилика прокоментира:

„Мора да работите на б ракот. Не смеете да се откажете еден од друг. Тоа е посветеност. Не може цело време да бидете на меден месец, не трае тоа вечно, па затоа мора да работите. И секако пред сè мора да бидете добри пријатели, тоа помага!“

denzel-vashington-so-pauleta-se-38-godini-vo-srekjen-brak-a-taa-ne-veruva-fakti-za-slavniot-akter-09.jpg

Одбил да сними сцени со бакнување со Џулија Робертс

Наводно кога го снимале филмот The Pelican Brief, Дензел не ги прифатил сцените каде што треба да се бакне со Џулија Робертс.

denzel-vashington-so-pauleta-se-38-godini-vo-srekjen-brak-a-taa-ne-veruva-fakti-za-slavniot-akter-10.jpg

Жали што ја одбил улогата во филмот Se7en

Пред Бред Пит да ја одигра улогата на детективот Дејвид Милс во филмот Seven, истата му била понудена на Дензел.

Тој вели дека жали што ја одбил оваа улога и ја пропуштил шансата да игра заедно со Морган Фримен.

denzel-vashington-so-pauleta-se-38-godini-vo-srekjen-brak-a-taa-ne-veruva-fakti-za-slavniot-akter-11.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
Ги гледал своите родители додека се тепаат, а на 18 години бил силуван од маж - Тешката животна прик... Најпосакуваниот маж во Холивуд имал ужасно детство. Онесвестен бил затворен во б...
На 14 години користел дрога, бил во затвор со Чарлс Менсон, а денес им помага на зависници – Факти з... Актерот Дени Трехо неколкупати бил во затвор, но откако избегнал смртна казна, р...
Смешни цитати во кои ќе се пронајде секој родител „Кога на првото дете ќе му падне цуцлата, ја стерилизирате. Кога на второто дете...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg