Најкусата и највистинита поема за војната која допира длабоко во срцето
Немилите настани кои го потресоа светот ќе остават длабоки траги, не само врз жителите на Украина, туку и врз многумина други. Војната е зло кое не би го посакале никому, дури ни во најтемните кошмари.
Многумина се обиделе да ги опишат црнилата и стравовите на една војна. Но, ретко кој успеал како Махмуд Дервиш, палестински национален поет.
Во само неколку редови, содржана е целата сага на една немила војна – и пустошот кој таа го остава зад себе:
Деновиве вирално се споделуваат овие моќни зборови:
Војната ќе заврши,
а лидерите ќе се ракуваат.
Но, ќе остане една исцрпена мајка
која копнее по својот син.
И онаа жена,
која го чека својот сакан сопруг.
И оние деца
кои го бараат својот татко – херој.
Не знам кој ја продаде татковината,
Но, видов кој ја плати цената.
Махмуд Дервиш,
палестински национален поет
(1941 – 2008)
(О)Милена | Црнобело