На 32 години беше во врска со тинејџерка, зависник е од видеоигри: Факти за Хенри Кавил
Актерот Хенри Кавил е вистински „чудак“ - зборува 9 јазици, а мачи мака со американскиот акцент, сака да го глуми Александар Македонски и опседнат е со видеоигри, до толку што самиот си го склопи својот гејмерски компјутер. Што знаеме за популарниот Супермен?
Хенри Кавил е еден од најпосакуваните мажи во Холивуд. Со својот мажествен изглед, заводлив поглед и прекрасната насмевка, сон е на многу жени.
Но, малкумина знаат дека приватно, тој е по малку „чуден лик“, кој е зависен од видеоигри, а сака многу помлади девојки.
Хенри е роден на 5 мај 1983 година во Сент Хелиер, Џерси, Велика Британија.
Неговото вистинско име е Хенри Вилијам Дилглиш Кавил.
Има четири браќа - Ники Ричард, Чарли, Пирс и Сајмон, но никој од нив не е дел од филмската индустрија. Хенри е четвртото од петте деца во семејството.
Мајка му е секретарка во банка, а татко му е брокер.
Што друго знаеме за Хенри Кавил?
Го нарекуваат „најмалерозниот актер во Холивуд“, бидејќи за малку му избегаа неколку големи улоги.
Се шпекулираше дека тој ќе ја добие улогата на Џејмс Бонд, но таа му припадна на Даниел Крег.
Пред да ја добие улогата на Супермен во филмот Man of Steel, тој бил на аудиција за друг филм за Супермен, но улогата ја доби Брендон Рут.
Поради видеоиграта World of WarCraft, за малку ќе останел без улогата на Супермен.
Кавил со многу страст зборува за својата опседнатост со видеоигрите, па во интервју призна дека поради популарната World of WarCraft за малку немало да ја добие улогата на Супермен.
„Играв во моментот кога ѕвонеше телефонот и не можев да ја зачувам или да ја паузирам играта. Плус, ова е тимска игра, многумина се потпираат на тебе, бидејќи од сите играчи зависи како напредувате.
Некако го лоцирав телефонот и видов дека ми ѕвони Зек Снајдер, режисерот на Man of Steel, но не можев да му кренам.
За среќа, тој крена кога го побарав малку подоцна и ми кажа дека ја добив улогата“, се сеќава Кавил.
До толку е фанатик по игри, што преку Инстаграм се пофали дека сам го склопил својот гејмерски компјутер.
За да го добие телото на Супермен, Кавил вежбал цели 11 месеци.
Зборува девет јазици.
Хенри зборува дури 9 јазици, а течно само 4 од нив - англиски, француски, шпански и италијански.
Но, признава дека му е тешко кога мора да зборува со американски акцент.