Корисни факти за кондомите

Околу употребата на кондомите постојат многу предрасуди. Ќе се обидеме да ги наведеме најчестите прашања и одговори околу кондомите и нивната употреба.

korisni-fakti-za-kondomite-001.jpg

Дали латекс кондомите се препорачуваат за спречување на несакана бременост и полово преносливи заболувања?

- Латекс кондомите, доколку се употребуваат правилно се многу ефикасни во спречувањето на несаканата бременост и полово преносливите инфекции и болести. Оние пак што се алергични на латекс можат да користат кондоми од полиуретан.

Дали маслата како што се беби маслата и вазелинот се безбедни за користење со латекс кондомите?

- Со кондомите можат да се користат само средства на водена база. Средствата на база на масла можат да го ослабат кондомот и да доведат до негово пукање или лизгање при сексуалниот однос.

Дали партнерите по сексуалниот однос треба веднаш да се раздвојат и да го отстранат кондомот, држејќи ја основата на кондомот?

- Да. Тоа ќе спречи кондомот да се лизне и евентуално да истече теноста од кондомот.

Ако внимателно се користи, истиот кондом може да се користи повеќе пати?

- Кондомите може да се користат само еднаш! За секој сексуален однос треба да се користи нов кондом, па и ако сексуалниот однос се повторува веднаш по претходниот.....треба да се користи нов кондом.

Дали е добра идеата кондомот да се носи во новчаник или во џеб?

- Ако кондомот се чува на топли места, како што е новчаникот, џеб, касета во кола или слично, тој може да изгуби на квалитет. Кондомите мора да се чуваат на ладно и суво место.

Дали кондомите имаат рок на употреба?

- Повеќето кондоми имаат рок на употреба од три до пет години. Зато при купување или пак пред употреба (најдобро при купување) треба да се провери дали има датум на пакувањето и дали е кондомот во рок на употреба.

Дали големината на кондомите им одговара на сите мажи?

- Стандардните големини на кондомите се доволно големи за повеќето мажи. Одредени компании произведуваат поголеми и помали кондоми, но тоа се сепак ретки случаи.

Би можело да ве интересира:

Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
Ги гледал своите родители додека се тепаат, а на 18 години бил силуван од маж - Тешката животна прик... Најпосакуваниот маж во Холивуд имал ужасно детство. Онесвестен бил затворен во б...
Брат му загинал во Виетнам, татко му бил алкохоличар – (вистински) факти за Чак Норис Таткото на Чак Норис бил алкохоличар кој под дејство на алкохол прегазил и убил ...
8 факти што докажуваат дека Норвешка е земја како никоја друга Норвешка го поседува најдалечниот остров на светот, а има и најмногу олимписки м...
Забавни цитати за полничките девојки - „Мојот стил е огнен, како и моите облини“ „Јас не сум дебела, Бог ме сака толку многу што ме направи во гооолема величина“...
Се запознале откако актерот усмрти мајка и ќерка во сообраќајка – Факти за Сара Џесика Паркер и Метј... Се запознале во 1991-ва, кога биле во врски со други луѓе, но ги оставиле партне...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg