Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


23 април, Светски ден на книгата – прославете со добри дела и најдобрите цитати за читањето

Денес се одбележува Светскиот ден на книгата. На овој ден, започнувајќи од 1995 година, овој празник се слави низ целиот свет. 23 април е тесно поврзан со големите книжевни великани Мигел де Сервантес и Вилијам Шекспир, но како?

23-april-Svetski-den-na-knigata-01.jpg

23 април („Денот на розите“) е неслучајно одбран уште во далечната 1923 година во Шпанија. Продавачите на книги меѓусебно се договориле да му искажат почит на познатиот автор на „Дон Кихот“ – Мигел де Сервантес, кој починал токму на овој датум.

Идејата поттикнала менување на книги наместо рози, како што проповедала дотогашната традиција за празникот.

Во 1995 година, УНЕСКО решило да го официјализира датумот како „Светски ден на книгите“, поради каталонскиот фестивал во Шпанија, смртта на Мигел де Сервантес, но и смртта на Вилијам Шекспир, која се случила на истиот овој датум.

Овој традиционален настан во голема мерка е насочен кон децата и има за цел да ја поттикне нивната љубов кон читањето. Поради пандемијата, пораката која се споделува оваа година по повод на Светскиот ден на книгата е „сподели приказна“.

Не чекајте, туку започнете со читање. Всадете им ја оваа љубов на најмалечките уште од најрани нозе, бидејќи книгите се најголемото богатство.

„Добрите книги не ги издаваат сите тајни оддеднаш“ – Стивен Кинг

„Книгите се како огледала – ако будала погледне во нив, не може да очекувате одраз на гениј“ – Џ.К. Роулинг

„Доколку го читате она што сите други го читаат, може само да размислувате на начинот на кој сите размислуваат“ – Харуки Мураками

„Отсекогаш си замислував дека рајот ќе биде нешто слично на библиотека“ – Хорхе Луис Борхес

„Сметам дека телевизијата е многу едукативна. Секогаш кога некој ќе го вклучи телевизорот, јас одам во друга соба за да читам“ – Гручо Маркс

„Класика – книга со која сите се фалат и книга која никој не ја прочитал“ – Марк Твен

„Да читаме и танцуваме – двете забавни нешта кои никогаш нема да му наштетат на светот“ – Франсоа Волтер

„Освен храна, засолниште и придружба, приказните се тоа што ни е најнеопходно на светот“ – Филип Пулман

„Ако имате градина и библиотека, имате сè што ви е потребно“ – Цицерон

„Човекот кој не чита добри книги не е ништо подобар од човекот кој не знае ни да ги прочита“ – Марк Твен

„За да станете паметни потребно е да прочитате само десет книги. Но за да ги најдете тие десет, треба да прочитате илјадници“ – Непознат автор

Најдоброто кино на светот е мозокот, а тоа ќе го сфатите додека читате добра книга“ – Ридли Скот

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бил опседнат со смртта, на 28 години загина на филмски сет – Факти за Брендон, синот на Брус Ли Во последните денови од снимањето на The Crow, Брендон Ли беше застрелан на филм...
Родена е во Шпанија, ја мрази скиентолошката црква – Факти за градоначалничката на Париз „Јас сум функционер избран од народот, а не модел“, изјави Ен Идалго, градоначал...
Љубовни цитати и пораки што можете да ѝ ги пратите на саканата личност за Валентајн „Ако знам што е љубов, тоа е благодарение на тебе“ – Херман Хесе. „Ако знам ш...
Бил жртва на булинг, се самоубил по смртта на мајка му – Факти за дизајнерот Александар Меквин Важеше за „хулиган во британскиот моден свет“. Го дотерувал сите, а самиот одел ...
„Кога велам ‘семејство’, мислам и на моето куче“ и уште 13 цитати за најголемите вљубеници во животн... „Некои луѓе не разбираат зошто ги викаме ‘деца’, но тие што чувствуваат - знаат“...
Има помалку од 2.000 жители, книги се продаваат насекаде и за 1 фунта: Интересни факти за првиот „гр... Љубителите на книги без сомнение ќе уживаат во бајковитиот град Хеј-он-Вај каде ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg