Има помалку од 2.000 жители, книги се продаваат насекаде и за 1 фунта: Интересни факти за првиот „град на книгите“
Љубителите на книги, без сомнение, ќе уживаат во бајковитиот град Хеј-он-Вај во Велс, каде што може да се купи книга за само една фунта. Овој интересен град уште од 1970-тите ја носи титулата „првиот град на книгите“.
Во првиот град на книгите во светот, Хеј-он-Вај, живеат помалку од 2.000 жители. Но, од друга странам тука има дури 20 книжарници, на чии полици има и по 10 милиони книги.
Овој мал книжевен центар е сместен на велшко-англиската граница, на час и половина возење од Кардиф.
Уличките на градот имаат посебен шмек, а тој е вистински рај за љубителите на литературата, фестивалите и прекрасната природа.
Секоја година во градот се организира десетдневен фестивал на сеното (Hay е сено), а на кој се присутни бројни издавачи и автори на книги.
Целата приказна за овој шармантен град започнала кога Британецот Ричард Бут, кој со години собирал книги, во 1962 година ја отворил првата книжарница наречена Old Fire Station. Со текот на времето отворил уште пет.
Книгите во сите книжарнци се „од втора рака“ и веќе му припаѓале на некој друг, но меѓу милионите книги, можеби токму тука ќе го најдете насловот кој долго време го барате.
Иако на почетокот во градот биле само книжарниците на Ричард, со текот на времето нивниот број се зголемувал, а бидејќи денес има преку 20, градот го добил епитетот „прв град на книгите“.
Во првата книжарница на Бут, која се протега на три ката, може да се најде секаква литература - од вредни класици до жанровска литература и нефикција.
Друг интересен факт за ова симпатично гратче е тоа што може да се кпат книги за само една фунта.
Во Хеј-он-Вај има и книжарница која се разликува од сите останати, а тоа е Castle Bookshop. Оваа книжарница не само што е на отворено, туку е отворена 24 часа и работи на принципот - одбери книга, стави пари во кутијата.
https://www.instagram.com/p/C3Q5Dl8KKfW/
Најпознати книжарници во градот се: Hay Cinema, Addyman Books and The Addyman Annexe, Hay-on-Wye Booksellers, The Old Electric Shop, The Literature Laboratory, Francis Edwards Antiquarian Bookseller, Clock Tower Books, Mostly Maps, Broad Street Book Center, North Books, Outcast Books и C. Arden Bookseller.
Па, ако некогаш се најдете во Велс, не пропуштајте да го посетите ова уникатно место.
В. К. | Црнобело