Забранети се големи роденденски забави – Факти за Таџикистан, една од најсиромашните земји во светот

Во Таџикистан е забрането славење роденден со голема забава надвор од домот. Исто така, жителите мора да внимаваат како се однесуваат на погреби, односно не смеат да покажуваат премногу емоции.

zabraneti-se-golemi-rodendenski-zabavi-fakti-za-tadzhikistan-edna-od-najsiromashnite-zemji-vo-svetot-001.jpg

Од културната, духовна и економската елита, до најсиромашната земја во регионот - ова е најкраткиот опис на историјата на Таџикистан. 

Таџикистан, службено Република Таџикистан е држава во Централна Азија, без излез на море и една најсиромашната земја од сите поранешни советски републики.

Главен град е Душанбе, а скоро 90 отсто од површината на Таџикистан заземаат планини.

Од 1994 година, на чело на државата е претседателот Емомали Рахмон, а самиот политички систем е исполнет со корупција и политичка репресија.

tadzikistan-e-edna-od-najsiromashnite-zemji-vo-svetot-lugjeto-ne-smeat-da-slavat-rodenden-nitu-da-plachat-na-pogreb-07_copy.jpg

Неколку факти за Таџикистан кои сигурно не сте ги слушнале:

Повеќе од 3 милиони жители од Таџикистан живеат во Русија и имаат статус на „гости работници“ и пополнуваат слабо платени работни места како градежници, продавачи на пазар и чистење јавни тоалети.

Централноазиската земја е дом на луѓето што ги обвинуваат за неодамнешниот напад во Москва, во кој загинаа најмалку 143 луѓе, а многу Руси ги обвинуваат Таџикистанците за тероризам.

tadzikistan-e-edna-od-najsiromashnite-zemji-vo-svetot-lugjeto-ne-smeat-da-slavat-rodenden-nitu-da-plachat-na-pogreb-10.jpg

Дури и оние со завршен факултет тешко доаѓаат до пари.

Според професор по религија и култура на Универзитетот Конкордија, Ричард Фолц, жителите на Таџикистан, дури и да имаат универзитетско образование, тешко доаѓаат до приходи и „нормален семеен живот“.

tadzikistan-e-edna-od-najsiromashnite-zemji-vo-svetot-lugjeto-ne-smeat-da-slavat-rodenden-nitu-da-plachat-na-pogreb-06.jpg

Забрането е славење роденден со голема прослава, како и плачење на погреб.

Познатиот блогер и патеписец од Босна и Херцеговина, Роберт Дацешин, има раскажано своето искуство и она што во видел во Таџикистан.

„Иако посетив многу конзервативни и прилично затворени земји, оваа ми се чини дека е една од најекстремните досега.

Овде, меѓу другото, е забрането да се слават Нова година, Божиќ и секакви јавни прослави.

Забрането е да се организираат свадби со многу луѓе, а на погреби не е дозволено гласно да се плаче, да се држат рацете на глава или да се покажуваат прекумерни емоции.

Забрането е да им се даваат странски имиња на децата, мажите не смеат да носат долги бради, а забранети се и сите боречки вештини кои промовираат насилство“, вели Дацешин во своето видео.

tadzikistan-e-edna-od-najsiromashnite-zemji-vo-svetot-lugjeto-ne-smeat-da-slavat-rodenden-nitu-da-plachat-na-pogreb-05.jpg

Момче платило 600 евра казна бидејќи прославило роденден во кафуле.

Оние кои се доволно храбри да го прослават својот роденден во кафуле или ресторан, треба да си подготват и пари за казна.

Пред неколку години, Амирбек Исајев од Таџикистан објавил фотографија на Фејсбук во кафуле, а до него имало и роденденска торта, за што бил обвинет за прекршување на законот, објави BBC.

Тој бил прогласен за виновен без разлика што и келнерот пред судот изјавил дека никој од пријателите кои биле со него не му го честитал роденденот на Амирбек.

Казната за ова момче изнесувала 600 евра, што е огромна сума за Таџикистан.

tadzikistan-e-edna-od-najsiromashnite-zemji-vo-svetot-lugjeto-ne-smeat-da-slavat-rodenden-nitu-da-plachat-na-pogreb-09.jpg

Имаат строги правила и за имиња.

Од 2016 година, граѓаните мора да ги крстат своите деца со имиња од официјалниот државен регистар, а рестораните исто така мора да имаат соодветни имиња. 

Оние кои сакаат да отворат италијански ресторан во Душанбе не можат да го наречат Bella Italia или нешто слично, бидејќи законот за државниот јазик налага рестораните да имаат традиционални имиња.

С. Ш. | Црнобело

фото: pexels.com , pixabay.com, freepik.com, depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Филмски цитати кои носат длабока животна порака „Сè што треба да одлучиме е што да правиме со времето што ни е дадено“, The Lord...
„Ги оставам луѓето кои не ме ценат - ја знам својата вредност“: Моќни цитати од легендарниот Ентони ... „Учам да не се срамам од моите емоции. Моите емоции ме прават маж“ - вели еден о...
Спасил над 1.000 Евреи, умрел во сиромаштија: Вистинската приказна за Оскар Шиндлер (и неговата лист... Користејќи ги своето влијание и своето богатство, Оскар Шиндлер спасил над 1.000...
На секој крузер има мртовечница и уште 6 факти што ќе ви го расипат денот Знаевте ли дека постои болест која може да ве натера да мислите дека сте мртви? ...
17 демотивациски цитати за луѓето кои мразат инспиративни пораки Направете нешто добро за некого денеска... оставете ги на мира, животот им е она...
8 факти што докажуваат дека Норвешка е земја како никоја друга Норвешка го поседува најдалечниот остров на светот, а има и најмногу олимписки м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg