„Кога велам ‘семејство’, мислам и на моето куче“ и уште 13 цитати за најголемите вљубеници во животни
„Некои луѓе не разбираат зошто ги викаме ‘деца’, но тие што чувствуваат - знаат“, „Дома е таму каде што твојот миленик те чека“.... Се согласувате ли?
Љубовта кон и од домашните миленици е искрена, чиста и длабока љубов што се чувствува со секое мјаукање, лаење или поглед.
Ако и вие чувате домашен миленик и не можете да си го замислите животот без него, тогаш сигурно ќе се пронајдете во овие цитати.
Цитати за наголемите вљубеници во животни:
„Кој има миленик, има уште едно срце што чука за него“.
„Љубовта на миленикот е чиста, безусловна и вечна - токму како љубовта на семејството.“
„Во очите на нашиот миленик гледаме љубов. Во неговото присуство чувствуваме мир. Тоа е семејство“.
„Некои луѓе имаат деца, некои имаат миленици, но љубовта е иста“.
„Моето срце има форма на шепа“.
„Дома е таму каде што твојот миленик те чека“.
„Кога велам ‘семејство’, мислам и на моето куче/мачка“.
„Моето куче/мачка не зборува, но секој ден ми го (по)кажува најважното - дека ме сака“.
„Миленикот можеби не зборува, но секогаш знае кога ти треба тивка поддршка“.
„Љубовта од миленик не се мери во години, туку во спомени, прегратки и среќни моменти“.
„Никогаш не сум сам/а кога моето куче/мачка е до мене“.
„Моето срце припаѓа на некој со четири шепи и безусловна љубов за мене во срцето“.
„Некои луѓе не разбираат зошто ги викаме ‘деца’, но тие што чувствуваат - знаат“.
„Не можеш да купиш среќа, но можеш да вдомиш миленик и тоа е истото“.
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





