„Кога жената се смее, паричникот плаче“ – најдобрите цитати за жените

„Жените навистина сакаат да стигнат навреме. Само што сè започнува толку проклето рано“. Ова е една од народните поговорки кои се особено интересни.

Najdobrite-citati-za-zenite-01.jpg

Жената е една од вечните загатки и инспирации за писателите и големите мислители.

Прочитајте што кажале тие за нив:

„Жена може да му стане пријател на маж само по овој редослед: прво познаничка, потоа љубовница, па дури потоа пријателка“ – Антон Павлович Чехов

„Мажите го посакуваат сето она што го немаат, а жените само она што го имаат другите жени“ – Џорџ Бернард Шо

„Кога се со своите жени, мажите имаат расеан поглед како да се на гробишта“ – Борислав Пеќиќ

„Жената, среќата и ветрот траат кратко“ – Буда

„Ние ги земаме жените поради она што не се, а подоцна ги напуштаме поради она што се. Значи, не се тие виновни затоа што ние не знаеме што сакаме“ – Чарлс Пино Дуклос

„Жената ти вели – Оди по ѓаволите! Ти одиш, а таа те дочекува и таму“ – Данте Алигиери

„Вистинската неволја кај жените е тоа што постојано се обидуваат да се адаптираат на машките теории за жените“ – Етика Јонг

„Со убавите жени е исто како и со фудбалот. Му се радуваме на убавиот викенд, а потоа сме целосно разочарани“ – Франческо Тоти

„Жените се љубовници за младите мажи, пријателки за зрелите и болничарки за старите“ – Френсис Бејкон

„Еманципирана жена е онаа која и пред и после бракот има свое занимање“ – Глорија Стајнем

„Архитектот ги покрива своите грешки со мермерот, лекарите со земја, а жените со деколтето“ – Оноре де Балзак

„Мажот е небото, жената е земјата. Задачата е небото да ја сфати земјата“ – мудра мисла од далечниот исток

„Жената е суштество кое може да плаче или да се смее поради истата причина, а честопати и истовремено“ – Жан Батист Поклен Молиер

„Една од поголемите загатки за мене е фактот што една жена може да истури врел восок на својата нога, да ги извади влакненцата од корен и сè уште да се плаши од пајак“ – Џери Сајнфилд

„Жената во којашто сме вљубени престанува да биде човечко суштество, или станува бел ангел или Сатана“ – Јован Дучиќ

„Женскиот совет не е којзнае што, но глупав е оној што нема да го послуша“ – Мигел де Сервантес

„Мажите секогаш сакаат да им бидат првата љубов на жените. Жените во тој поглед се попрефинети – сакаат да бидат нивната последна љубов“ – Оскар Вајлд

„Жените ретко ќе ни простат кога сме љубоморни, но никогаш нема да ни простат доколку не сме“ – Пол-Жан Туле

„Кога жената му купува кошула на мажот, таа е вљубена. Ако ја пегла, тогаш е омажена. Ако притоа пее, тогаш е и првото и второто“ – Салвадор Дали

„Жените навистина сакаат да стигнат навреме. Само што сè започнува толку проклето рано“ – Села Ворд

„Доброто вино и убавата жена, тоа се двата најубави отрови“ – турска народна поговорка

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
Причини поради кои жените го сакаат Пауло Коелјо Ги возвишува, знае да го каже токму она што сакаат да го слушнат, за нив вели де...
Ги гледал своите родители додека се тепаат, а на 18 години бил силуван од маж - Тешката животна прик... Најпосакуваниот маж во Холивуд имал ужасно детство. Онесвестен бил затворен во б...
Мажите ѝ пишувале љубовни писма: Факти за Мона Лиза, најпознатата слика во светот Мона Лиза е портрет направен според жена со сосема друго име, но самата слика им...
Забавни цитати за полничките девојки - „Мојот стил е огнен, како и моите облини“ „Јас не сум дебела, Бог ме сака толку многу што ме направи во гооолема величина“...
Спиел со над 3.000 жени, бил опседнат со секс: Бурниот љубовен живот на Енцо Ферари Енцо Ферари бил во брак со само една жена, но во меѓувреме имал две љубовници, а...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg