„И ѕвездите им помагаат на храбрите“ – најдобрите цитати за стравот
Се сметате ли себеси за храбар човек? Дали сте се нашле во ситуација кога нештата не излегуваат онака како што сте планирале, само затоа што ви недостигало малку храброст? Според Боб Марли – стравот е оној што ја храни храброста. Умберто Еко би додал – туѓиот страв.
Прочитајте ги најдобрите цитати од познатите личности на оваа тема, можеби ќе ве охрабрат да направите нешто ново, невообичаено, лудо и возбудливо:
„Научив дека храброста не е отсуство на страв, туку победа над него. Храбриот човек не е оној кој не се чувствува уплашено, туку оној што го победил тој страв“ – Нелсон Мандела
„Оној што не е доволно храбар да ризикува нема да постигне ништо во својот живот“ – Мухамед Али
„Мојот страв е тој што ми дава храброст“ – Боб Марли
„Луѓето кои имаат храброст и карактер, секогаш им се непријатни на другите“ – Херман Хесе
„Моќта им се дава само на оние кои се осмелуваат да се наведнат и да ја подигнат. Само една работа е важна, само една, да бидеш во состојба да се осмелиш“ – Фјодор Достоевски
„И ѕвездите им помагаат на храбрите“ – Корејска народна поговорка
„Оној што не ризикува нема ни да добие“ – Наполеон Бонапарта
„Ништо не му дава храброст на исплашениот човек колку туѓиот страв“ – Умберто Еко
„Храбар е оној човек што нема да побегне туку ќе остане на своето место и ќе се бори против непријателот“ – Сократ
„Ги сакам оние коишто се смеат кога имаат проблеми, кои наоѓаат нова сила во тешкотиите и стануваат уште похрабри. Во такви услови, оние со ситна душа се откажуваат, но оние чиешто срце е цврсто, чија совест ги оправдува своите постапки, подготвени се да ги следат нивните принципи до смрт“ – Леонардо да Винчи
„Храброста што се бори е подобра од слабоста што трае“ – Хегел
„Светот им припаѓа на храбрите“ – Карл Маркс
„Сите ваши соништа можат да станат реалност – доколку имате храброст да ги следите“ – Волт Дизни
„Повеќето од нас имаат многу повеќе храброст отколку што можете да замислите“ – Дејл Карнеги
(О)Милена | Црнобело