Факти за човечкото тело што ги бунат и научниците
Знаевте ли дека фетусот може да го забрза закрепнувањето на телото на мајката? А, знаевте ли дека мозокот може да напојува слаба ЛЕД светилка?
Сигурно ќе поминат уште многу, многу години пред да ги откриеме сите тајни на нашето тело.
Иако знаењето што ни е достапно денес е ништо помалку од импресивно, факт е дека многу процеси не им се јасни ни на најголемите експерти, а голем број работи уште се мистерија дури и за нив.
Луди факти за човечкото тело што сигурно не сте ги знаеле:
Мозокот може да напојува слаба ЛЕД светилка
Во нашиот мозок има околу 86 милијарди неврони кои комуницираат меѓусебно со комбинација од хемиски, но и електрични сигнални.
Овие електрични сигнали се многу, многу слаби, но ако се соединат сите неврони во мозокот, тие можат да произведат доволно струја за да напојуваат слаба ЛЕД светилка, барем на кратко.
Сетилото за мирис може да нè врати во минатото
Ова е нешто што сигурно и самите сте го забележале – некои мириси навистина имаат моќ да нè вратат во минатото бидејќи потсвесно ги поврзуваме со некој настан.
Некогаш мирисите можат да ни разбудат и емоции кои потсвесно сме ги поврзале со нив.
Полесно ни е да кренеме личност од 50kg, отколку камен со истата тежина
Дури и ако не сте физички активна личност, ако пробате да кренете личност која тежи околу 50 килограми, можеби ќе се помачите, но ќе успеете.
Но, ако пробате да кренете камен со истата тежина, најверојатно нема да успеете.
Причината е тоа што човекот има таканаречената „жива тежина“, додека каменот – „мртва тежина“.
Односно, центарот на гравитација на човекот може да се промени зависно од положбата на телото, што значи човекот што го кревате може и самиот да ја промени оваа точка за да ви го олесни кревањето.
Човекот може и да ви помогне така што ќе се фати за вашите рамена или ќе отскокне од земјата.
Каменот, од друга страна, не може самиот да си ја променува положбата, а со тоа центарот на гравитација му останува ист, па вам ви е потешко да го кренете.
Мозокот се намалува во текот на бременост
Покрај многуте промени што ги трпи женското тело во текот на бременост, можеби најнеочекувани се оние на мозокот.
Истражување покажало дека женскиот мозок се намалува во текот на бременоста, а бил најмал непосредно пред породувањето.
Ова намалување е минимално, а истражувачите забележале дека се случувало истовремено додека имало мало зголемување на другите органи.
Потребни се дополнителни истражувања, но се претпоставува дека можеби ова е причината што понекогаш бремените жени имаат мали проблеми со сеќавањето и слично.
Во стресни ситуации, луѓето можат да покажат натчовечка сила
Сигурно сте слушнале за мајки кои кревале автомобили за да си го спасат детето и слични ситуации каде што луѓето покажале натчовечка сила.
Во многу стресни ситуации, кога телото лачи многу адреналин, а се случуваат и други процеси, луѓето навистина се способни да помрднат автомобил.
Но, истовремено, ова претставува огромен напор на целото тело и токму затоа ја немаме оваа способност постојано.
Интересно е што во овие мигови, дигестивниот систем е како исклучен, додека комбинацијата од адреналин и други хормони им дава огромна сила на мускулите.
Можеме да „гледаме“ со нашите уши
Знаеме дека лилјаците, но и бројни други животни, се потпираат на својот слух за да се снајдат во просторот.
Оваа способност донекаде ја имаме и ние, но секако, не толку изразена.
Можеби и самите имате забележано дека кога ќе слушнете некој звук, скоро секогаш можете да оцените од каде доаѓа.
Но, постои и личност кај која оваа способност е уште поизразена.
Даниел Киш е слеп маж кој вели дека може да гледа со помош на неговите уши. Односно, тој испушта звуци со неговата уста и слично како лилјаците, може да одреди што има околу него.
Неговиот мозок дури бил и проучуван и научниците дошле до заклучок дека оваа способност е до толку развиена кај него, што дефинитивно потсетува на вид.
Ембрионот може да ја излекува мајката
Истражувањата покажале дека клетките од фетусот мигрираат во телото на мајката и можат да му помогнат на нејзиното тело да се справи со повреди, болести и лично.
Интересно е што било забележано дека овие клетки остануваат во телото на мајката многу долго откако ќе се породи.
Спирова С. | Црнобело