Факти за Јури Гагарин, првиот човек кој отишол во вселената - Некои веруваат дека е убиен од Советскиот Сојуз

Знаевте ли дека Јури Гагарин бил висок само 157 сантиметри? Но, токму ова му помогнало да стане дел од вселенската програма на Советскиот Сојуз. А, дали знаевте дека негова трагична смрт до денес е обвиена со мистерија? Факти за најпознатиот космонаут во историјата – Јури Гагарин.

fakti-za-juri-gagarin-prviot-chovek-koj-otishol-vo-vselenata-nekoi-veruvaat-deka-e-ubien-od-sovetskiot-sojuz-01.jpg

Колку и да не ве интересираат наука и астрономија, сигурно знаете кој е Јури Гагарин – мажот кој испиша историја со тоа што стана првиот човек кој отишол во вселената.

Со помош на капсулата Восток, на 12-ти април 1961, година Јури се искачи на височина од над 169 километри и направи орбита околу земјата.

Целиот лет траеше 108 минути, пред Јури безбедно да се врати на Земјата.

Но, колку знаете за приватниот живот на космонаутот и неговата мистериозна смрт?

fakti-za-juri-gagarin-prviot-chovek-koj-otishol-vo-vselenata-nekoi-veruvaat-deka-e-ubien-od-sovetskiot-sojuz-04.jpg

Неколку факти за животот на Гагарин:

Јури Гагарин е роден на 9-ти март 1934 година во руското село Клушино.

Во 1946 година, со семејството се преселиле во градот кој денес го носи неговиот име – Гагарин.

Овде космонаутот завршил средно, со голем фокус на физика и математика.

Гагарин го продолжил образованието во техничка школа во Саратов, а овде станал дел и од локален авијатичарски клуб каде што научил да лета со авион.

fakti-za-juri-gagarin-prviot-chovek-koj-otishol-vo-vselenata-nekoi-veruvaat-deka-e-ubien-od-sovetskiot-sojuz-14.jpg

Се запишал на Советската академија на воздухопловни сили и дипломирал во 1957 година. Подоцна името на Академијата е променето во негова чест и била наречена Гагарин.

Интересно е што Гагарин бил релативно низок маж – имал само 157 сантиметри. А, токму ова му помогнало да стане дел од вселенската програма на Советскиот Сојуз.

fakti-za-juri-gagarin-prviot-chovek-koj-otishol-vo-vselenata-nekoi-veruvaat-deka-e-ubien-od-sovetskiot-sojuz-02.jpgГагарин непосредно пред лансирањето

Капсулите кои биле правени како дел од програмата Восток биле многу мали, па еден од најважните услови бил космонаутите да не се повисоки од 175 сантиметри.

Гагарин веќе бил искусен воен пилот, а во интервју од 1961 година изјавил дека кабината на капсулата му била дури и многу пространа во споредба со малите кабини на воените авиони.

fakti-za-juri-gagarin-prviot-chovek-koj-otishol-vo-vselenata-nekoi-veruvaat-deka-e-ubien-od-sovetskiot-sojuz-08.jpgКапсулата во којашто бил сместен Гагарин - денес се наоѓа во музејот RKK Energia во близина на Москва

Гагарин бил избран со уште 19 други пилоти кои поминале интензивни тренинзи и подготовки за вселенски летови.

За време на тестирањето, космонаутот се истакнал со високата интелигенција, брзото време на реакција, способноста за забележување детали, како и способноста за брзо правење математички пресметки. И, бил избран за мисијата.

Донекаде, првиот вселенски лет е резултат на Студената војна помеѓу САД и Советскиот Сојуз.

Токму поради тоа, и советската мисија била наречена Восток, што на руски значи „исток“ (бидејќи САД е дел од „западниот свет“).

fakti-za-juri-gagarin-prviot-chovek-koj-otishol-vo-vselenata-nekoi-veruvaat-deka-e-ubien-od-sovetskiot-sojuz-11.jpgМодел на Восток 1

На 12-ти април 1961 година, Гагарин беше лансиран од територијата на денешен Казахстан и стана првиот човек кој отишол во вселената.

108-минутиот лет околу Земјата поминал без поголеми проблеми, иако космонаутот неколкупати изгубил комуникација со Земјата.

По успешниот лет, космонаутот беше исфрлен од капсулата, од висина на околу шест километри, на фарма во Русија.

fakti-za-juri-gagarin-prviot-chovek-koj-otishol-vo-vselenata-nekoi-veruvaat-deka-e-ubien-od-sovetskiot-sojuz-06.jpgРакетата пред лансирањето

Целиот лет бил чуван во тајност од страна на Советскиот Сојуз до самиот крај, па, по успешното слетување, Гагарин станал светски позната ѕвезда.

Можеби очекувано, во САД му бил забранет влез, но прошетал низ голем дел од светот и добил бројни почести.

Пред да стане светски познат, Гагарин ја запознал Валентина Горјачева која студирала медицина.

fakti-za-juri-gagarin-prviot-chovek-koj-otishol-vo-vselenata-nekoi-veruvaat-deka-e-ubien-od-sovetskiot-sojuz-10.jpgГагарин со сопругата

Парот почнал да се гледа и се венчале во 1957 година. Добиле две ќерки – Јелена Јуриевна Гагарина и Галина Јуриевна Гагарина.

Наводно имале хармоничен брак, сè до историскиот лет на Гагарин.

fakti-za-juri-gagarin-prviot-chovek-koj-otishol-vo-vselenata-nekoi-veruvaat-deka-e-ubien-od-sovetskiot-sojuz-12.jpgГагарин со двете ќерки

Според некои извори, во септември 1961-ва, сопругата го фатила космонаутот со медицинска сестра која го лекувала откако доживеал мала несреќа на брод.

Се верува дека кога сопругата ги здогледала со љубовницата, Гагарин скокнал преку прозорец и си ја удрил главата, по што му останала лузна над левата веѓа

fakti-za-juri-gagarin-prviot-chovek-koj-otishol-vo-vselenata-nekoi-veruvaat-deka-e-ubien-od-sovetskiot-sojuz-15.jpgГагарин и сопругата

Околу шест години по летот со Восток, Гагарин бил избран и за мисијата Сојуз 1, заедно со космонаутот Владимир Комаров.

Комаров бил единствениот член на екипажот во леталото, додека Гагарин бил само резерва и не бил во капсулата.

При слетувањето, падобранот на Комаров не се отворил, па кога леталото паднало на земјата, тој загинал веднаш.

Според некои извори, Гагарин се обидувал да го одложи овој лет бидејќи бил загрижен за безбедноста, но никој не го послушал.

fakti-za-juri-gagarin-prviot-chovek-koj-otishol-vo-vselenata-nekoi-veruvaat-deka-e-ubien-od-sovetskiot-sojuz-05.jpg

А, по несреќата, плашејќи се дека ќе го изгубат нивниот народен херој, од Советскиот Сојуз му забраниле да продолжи со летање, вклучувајќи и најобичен авион.

Гагарин сепак успеал да се избори да си ја врати дозволата за летање, откако поминал некои дополнителни тренинзи.

Но, на 27-ми март 1968 година, додека летал со инструкторот Владимир Серјогин, авионот на Гагарин се срушил и тој загинал.

fakti-za-juri-gagarin-prviot-chovek-koj-otishol-vo-vselenata-nekoi-veruvaat-deka-e-ubien-od-sovetskiot-sojuz-13.jpg

Смртта на космонаутот до денес е обвиена со мистерија бидејќи сè уште не е познато што точно ја предизвикало несреќата.

Според истрагата од страна на КГБ, леталото почнало да се врти, а пилотите изгубиле контрола. Наводно, тие имале и грешка податоци за тоа на која висина се наоѓаат.

Трагичната смрт на космонаутот разгоре и многу теории на заговор, а некои веруваат дека поради некоја причина, тој всушност бил убиен од Советскиот сојуз.

Истовремено, по вселенскиот лет почнале да кружат и гласини дека станал алкохоличар, но секојпат биле негирани од властите. 

fakti-za-juri-gagarin-prviot-chovek-koj-otishol-vo-vselenata-nekoi-veruvaat-deka-e-ubien-od-sovetskiot-sojuz-03.jpgГагарин и космонаутката Валентина Терешкова

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ги гледал своите родители додека се тепаат, а на 18 години бил силуван од маж - Тешката животна прик... Најпосакуваниот маж во Холивуд имал ужасно детство. Онесвестен бил затворен во б...
Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Спасил над 1.000 Евреи, умрел во сиромаштија: Вистинската приказна за Оскар Шиндлер (и неговата лист... Користејќи ги своето влијание и своето богатство, Оскар Шиндлер спасил над 1.000...
Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
2 пати ќе загинел со неговиот авион, почина од рак на панкреасот – Факти за Патрик Свејзи 10 години се борел со алкохолизмот, пушел по 60 цигари дневно и двапати за малку...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg