Цитати за сите оние кои изгубиле некого: „Тагувањето не те прави несовршен, туку те прави човек“

„Ќе изгубите личност без која не ќе можете да живеете, а срцето ќе ви биде скршено. Лошата вест е што никогаш целосно нема да ја преболите загубата на саканата личност. Но, ова е и добра вест. Таа личност засекогаш ќе живее во вашето скршено срце....

citati-za-site-onie-koi-izgubile-nekogo-taguvanjeto-ne-te-pravi-nesovrshen-toa-te-pravi-chovek-01.jpg

Сосема природно е да се тагува кога ќе изгубите некого. Тоа е многу тежок процес кој на секој влијае на различен начин. Колку долго и длабоко ќе тагувате зависи од многу фактори, вклучувајќи го и односот кон личноста која сте ја изгубиле и околностите кои го причиниле тоа.

Не постои „нормално“ време за да се надмине тагата, па затоа, многу е важно да признаете како се чувствувате и да запаметите дека, покрај сè, многу е важна и грижата за себе. Без разлика во која фаза се наоѓате од тој емотивен процес, понекогаш некои цитати, песни, книги, поеми, може да ви донесат малку утеха.

Во продолжение погледнете неколку цитати кои се надеваме дека барем малку ќе успеат да ве утешат:

„Колку сум среќен што имам некого што го прави збогувањето толку тешко“.

„Тагувањето не те прави несовршен, туку те прави човек“.

„Никогаш, никогаш не ги губиме нашите најблиски. Тие нè придружуваат, не исчезнуваат од нашите животи. Само сме на различни места“.

„Не можете вистински да заздравите по загубата, сè додека не си дозволите навистина да ја почувствувате таа загуба“.

„Ќе изгубите личност без која не ќе можете да живеете, а срцето ќе ви биде скршено. Лошата вест е што никогаш целосно нема да ја преболите загубата на саканата личност. Но, ова е и добра вест.

Таа личност засекогаш ќе живее во вашето скршено срце. И, ќе живеете со тоа. Тоа е како да имате скршена нога која никогаш не заздравува целосно, уште боли кога времето ќе залади, но учите да танцувате куцајќи“.

citati-za-site-onie-koi-izgubile-nekogo-taguvanjeto-ne-te-pravi-nesovrshen-toa-te-pravi-chovek-02.jpg

„Сеќавањето на тебе е како дом за мене. Така, секогаш кога мојот ум ќе залута, го наоѓа патот назад кон тебе“.

„Тагата, сама по себе, е лек“.

„Ако ни се одземени личностите кои ги сакаме, можеме да направиме да продолжат да живеат со тоа што никогаш нема да престанеме да ги сакаме“.

„Она што е убаво, никогаш не умира, туку само преминува во друга убавина“.

„Реалноста е дека ќе тагувате засекогаш. Никогаш нема да ја преболите загубата на саканата личност, туку ќе научите да живеете со тоа.

Ќе заздравите и повторно ќе се изградите по претрпената загуба. Повторно ќе бидете цели, но никогаш нема да бидете исти. Ниту треба да бидете. Ниту би сакале“.

citati-za-site-onie-koi-izgubile-nekogo-taguvanjeto-ne-te-pravi-nesovrshen-toa-te-pravi-chovek-03.jpg

„Сè што ви треба е едно безбедно сидро за да ве држи приземјени кога остатокот од вашиот живот ќе излезе од контрола“.

„Оние што ги сакаме, не заминуваат. Тие се покрај нас секој ден, не ги гледаме, не ги слушаме, но секогаш се блиску, толку сакани, толку ни недостасуваат и толку ни се драги“.

„Сосема во ред е да признаете дека не сте добро“.

„Смртта е предизвик. Таа ни вели дека не треба да го трошиме своето време. Ни вели дека треба да си кажеме еден со друг колку се сакаме и тоа уште во истиот момент“.

„Ќе преживеете и ќе најдете цел во хаосот. Продолжувањето понатаму не значи дека се откажувате од некоја личност“.

citati-za-site-onie-koi-izgubile-nekogo-taguvanjeto-ne-te-pravi-nesovrshen-toa-te-pravi-chovek-04.jpg

М. Ѓ | Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
17 демотивациски цитати за луѓето кои мразат инспиративни пораки Направете нешто добро за некого денеска... оставете ги на мира, животот им е она...
Факти за човечкото тело што ги бунат и научниците Знаевте ли дека фетусот може да го забрза закрепнувањето на телото на мајката? А...
Имаше проблеми со зависност, ќерка ѝ почина веднаш по породувањето: Факти за Хуанита од „Очајни дома... „Имаше луѓе кои пишуваа коментари дека посакувале да умрам поради начинот на кој...
Се родила додека мајка ѝ била во затвор - Факти за Лејтон Мистер Актерката Лејтон Мистер која се прослави со Gossip Girl не открива многу за прив...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg