Инспиративни цитати кои ќе ви помогнат да ги надминете тешките моменти во бракот
„Не може да се уништи бракот сè додека и двајцата сте спремни да престанете да се борите еден против друг и да почнете да се борите еден за друг“.
Бракот е едно патување кое започнува со љубов и посветеност. Но, како и сите патувања, возењето не е секогаш пријатно. Бракот може да биде и многу исцрпувачко искуство, да направи да се чувствувате изгубено, беспомошно и преоптоварено. Сепак, со правилен начин на размислување и малку охрабрување, може да ги пребродите тешките времиња.
Во продолжение погледнете неколку цитати кои ќе ве мотивираат и ќе ви покажат дека бракот е сепак нешто за што вреди да се борите.
„Не можете едноставно да се откажете од некого, само затоа што ситуацијата не е идеална. Одличните врски не се одлични затоа што немаат проблеми. Тие се одлични затоа што и двајцата еднакво се грижат еден за друг и сакаат да најдат начин да ги поправат работите“.
„Сите бракови имаат мрачни периоди, дури и најдобрите“.
„Стабилниот брак бара да го сакате сопружникот дури и во тие моменти кога не е за сакање, а тоа значи да се верува во него дури и кога самиот тој се бори да верува во себе“.
„Бракот е наменет да ги задржи луѓето заедно не само кога работите се добри, туку баш тогаш кога не се“.
„Не може да се уништи бракот сè додека и двајцата сте спремни да престанете да се борите еден против друг и да почнете да се борите еден за друг“.
„Секогаш настојувајте на сопружникот да му го дадете најдоброто од себе, а не она што останало откако најдоброто сте им го дале на сите други“.
„Ако не менувате ништо во бракот, ништо и нема да се смени“.
„Не расправајте се за слабостите на другите луѓе. Кога ќе направите грешка, признајте ја, поправете ја и научете од неа, и тоа уште во истиот момент“.
„Грижете се за она што е правилно да го правите во бракот, а не настојувајте секогаш вие да бидете во право“.
„Слушајте со намера да разберете, а не да одговорите“.
„Во бракот, секој партнер треба да биде поттикнувач, наместо критичар. Повеќе простувајте, наместо да собирате и да паметите повреди“.
„Запаметете дека во ниту една врска не грее секогаш сонце, но, штом ќе научите да танцувате на дождот, ќе научите како да ја преживеете бурата низ која ќе поминувате“.
„Кога работите ќе ви изгледаат тешки, запаметете дека и двајцата сте заедно во тоа. Работејќи заедно и поддржувајќи се еден со друг, може да надминете сè што ќе ви дојде на патот“.
„Бракот не е постела од рози, туку постела од предизвици кои доаѓаат во различни форми, големини и бои. Понекогаш може да чувствувате преголема тежина и да сакате да се откажете. Но, запаметете дека и тешкото ќе помине. Проблематичните времиња се дел од целокупниот процес, а најважна е љубовта и поддршката со која може да надминете сè“.
„Да се биде во брак не е секогаш лесно. Ќе има моменти кога ќе се чувствувате фрустрирано, исцрпено и несигурно во вашите чувства. Но, потсетете се зошто се омаживте за вашиот партнер. Без оглед на причината, сетете се на оние денови кога сè ви изгледаше возможно. Потсетувањето на тие спомени може да ви помогне да ги пребродите бурите во брачниот живот и да ви покаже зошто се одбравте еден со друг“.
„Не откажувајте се еден од друг. Силниот брак бара труд и посветеност и од двајцата партнери. Продолжете да се борите за заедничката иднина“.
„Негувајте ја емпатијата. Ставете се на местото на партнерот и обидете се да ги гледате работите од негова перспектива. Ова може да ви помогне да најдете заеднички јазик. “
„Споредувањето на вашиот брак со бракот на некој друг, е исто како да споредувате јаболка со портокали – едноставно, нема смисла. Најдоброто нешто што можете да го направите е да се фокусирате само на вас и на вашите грижи, без да се мерите со другите“.
М. Ѓ | Црнобело / фото: freepik.com