„Да танцуваме пред нашите стравови“ – моќни цитати за уште помоќни жени
Ни треба охрабрување. Ни треба постојано потсетување кои сме, колку сме вредни и колку заслужуваме на крајот од денот.
фото: Pixabay
Да се биде жена, колку сложена, најтешка и најслатка одговорност на светот е тоа.
Прочитајте ги следните моќни цитати, од силни до силни жени:
„Отсекогаш верував дека кога си го следиш срцето или интуицијата никогаш не можеш да изгубиш, бидејќи да се помириш со нештата е најлошото чувство на светот“ – Ријана
„Се надевам дека татковците и мајките на малите девојчиња ќе погледнат во нив и ќе им речат – Да, жените можат“ – Дилма Русеф
„Јас блескам кога има пречки. Ако ми речат дека нешто не можам да кажам, притискам посилно“ – Ајза Реј
„Една од лекциите со коишто израснав е дека секогаш треба да си останам верна на себеси и никогаш да не дозволам некој друг да ми го одврати вниманието од целите“ – Мишел Обама
„Единствениот начин за да преживееме е да се грижиме едни за други“ – Грејс Ли Богс
„Ти си најдоброто нешто за себеси“ – Тони Морисон
„Мораш да научиш да ја напуштиш масата кога на неа повеќе не се сервира љубов“ – Нина Симон
„Некој поинаков свет не само што е возможен, тој е веќе на патот. Кога денот е тивок, можам да му го слушнам дишењето“ – Арундати Рој
„Доколку сакаш да ги излекуваш тагата или гневот, обиди се да го сториш тоа кај другите. Тие од тебе бараат лидерство, помош, храброст, сила, разбирање и сигурност. Најмногу од сè, тие во тебе бараат љубов“ – Ана Кастиљо
„Толку е ослободително чувството навистина да знам што сакам, што навистина ме прави среќна, што нема да толерирам. Научив дека не е ничија друга работа да се грижи за мене, освен самата јас“ – Бијонсе
„Самодовербата е сознанието дека ти си твојот сон“ – Опра Винфри
„Наједноставниот начин на кој луѓето се откажуваат од моќта е помислата дека немаат никаква“ – Алис Вокер
„Ќе ви кажат дека сте прегласна, дека треба да го почекате својот ред и да ги прашате вистинските луѓе за дозвола. Секако, вие направете го она што сте наумиле“ – Александрија Окасио-Кортез
„Жените не треба да го наоѓаат својот глас, тие имаат глас и треба да се поттикнати за да го користат, а луѓето треба да бидат охрабрени за да ги слушаат“ – Меган Маркл
„Можеби не можете да ги контролирате сите нешта што ви се случуваат, но може да одлучите да не ја намалувате својата вредност поради нив“ – Маја Анџелу
(О)Милена | Црнобело