Негативците не користат Apple уреди - Интересни факти за снимањето филмови
Дали знаевте зошто се користи зелена позадина за време на снимање, како се постигнува звукот на кршење коски во филмовите и кој е најголемиот грев што можат да го направат статистите?
Во следните редови ќе ви понудиме одговори на овие прашања, како и многу други интересни работи во врска со снимањето филмови:
Негативците во филмовите и сериите не користат уреди на Apple
Рајан Џонсон, режисерот на „Knives Out“, неодамна откри дека е најлесно да се открие кој е негативец во филмот: Доколку ликот не користи уреди на Apple, додека сите други ликови ги користат, треба да се сомневате во него.
Причината за ова е едноставна - Apple експлицитно им забранува на негативците во филмовите да ги користат нивните производи.
Зеленчукот игра голема улога во создавањето звучни ефекти
Кога ќе ги слушнете гадните звуци на кршење коски во филмовите, знајте дека ова се снима на најчуден начин. Имено, специјалистите за звук не ги кршат коските на животни, како што мислат многу луѓе, туку кршат целер и моркови.
Децата кои глумат во хорор филмови во повеќето случаи не се свесни за овој факт
За да не ги исплашат, режисерите наоѓаат различни начини да добијат соодветна изведба од помладите актери во своите хорор филмови.
Сцените се снимаат по ред, најстрашните моменти се снимаат одделно од реакцијата на децата, а честопати сè се претвора во една голема игра.
Дени Лојд, кој го толкуваше момчето во филмот „The Shining“, бил убеден дека глуми во типичен семеен филм, а не во еден од најстрашните хорор филмови досега.
Статистите не смеат да гледаат директно во камерата
Најголемиот грев што статистите можат да го направат при снимање сцена е гледање во камерата. Ако направат грешка во врска со ова правило, можат лесно да добијат отказ.
Исто така, се очекува да не носат бела облека или гардероба со големи етикети, а особено е важно тие воопшто да не личат на главните ликови во филмот.
Зелената позадина игра важна улога во снимањето сцени со специјални ефекти
Која било боја може да биде избрана за позадина додека снимате сцени со специјални ефекти, но изборот падна на светло зелената од неколку причини.
Малку предмети се со оваа боја, вклучувајќи ја и облеката и реквизитите што се користат за филмски цели. Сето ова го олеснува дигиталното отстранување на светло зелените позадини и нивна замена со специјални ефекти во пост-продукцијата.
Ашера | Црнобело