Си ја предвидел смртта, почина на само 43 години: Се сеќавате ли на Џон Кенди?
Го помниме по улогите во филмови како Home Alone кои го одбележаа нашето детство, но неговиот живот згасна прерано, пред точно 30 години – Се сеќавате ли на актерот Џон Кенди?
Кога ќе го слушнете името Џон Кенди, веројатно нема да ви значи ништо. Но, штом ќе видите фотка од него, сигурно ќе се присетите на убавите семејни филмови од ’90-тите кои будат носталгија.
Џон Кенди е холивудски актер кој редовно се појавуваше во филмови како Home Alone, но, за жал, почина на само 43 години.
Годинава се одбележуваат 30 години од неговата смрт, а неговите деца се присетија на него со емотивни објави.
Син му Крис (39) сподели ретро фотка од актерот со опис:
„Сета моја љубов ја испраќам до татко ми“.
Неговата 44-годишна ќерка Џенифер објави стара семејна фотка со опис:
„Денес, пред 30 години… Се чувствувам како да сум поминала цел живот и со тебе, и без тебе. Ми недостасуваш и секогаш ќе те сакам“.
Во продолжение, неколку факти за актерот чии филмови го одбележаа нашето детство:
Џон Кенди е роден во Онтарио, Канада во 1950 година.
Неговите родители биле католици и татко му имал англиско и шкотско потекло, додека мајка му – полско и украинско.
Кенди ја запознал сопругата Розмери во 1979 година, и тоа на состанок „на слепо“.
Тие добија две деца – Џенифер и Крис – кои, исто како актерот, се дел од филмската индустрија. Ќерка му Џенифер е актерка и продуцент, додека син му е актер.
Кенди е познат по улогите каде што глуми полничок и обично добар лик. А, и бил навистина голем човек.
Бил висок скоро 190 сантиметри, а поголемиот дел од животот тежел околу 135 килограми.
Иако неговиот изглед му даваше посебен шарм на улогите што ги глумеше, Кенди бил мошне чувствителен за вишокот килограми.
Тој пробал и да ослаби, и тоа не само поради изгледот, туку и поради семејната историја на проблеми со срцето - татко му починал на само 35-годишна возраст од инфаркт.