Треба да си легнувате дотерани - Најпопуларните изјави на Карл Лагерфелд
Еден од најуспешните и најпрепознатливи дизајнери на сите времиња, кој го обожаваше речиси целиот свет и беше признат и препознат за својата работа, остана запаметен и по неговите популарни изјави.
Името на Карл Лагерфелд ќе се памти и почитува долго кај љубителите на модата, а неговите изјави често се цитираат меѓу фановите:
Тренерките се прв знак за пораз. Сте изгубиле контрола над својот живот, па сте купиле тренерки.
Сите треба да си легнуваат дотерани, како да се подготвиле за состанок – а, не за спиење.
Мразам интелектуални разговори со паметни луѓе затоа што искрено, важно ми е само сопственото мислење.
Единствениот облик на љубов во кој верувам е мајчинството.
Среќата е резултат на работа и дисциплина.
Не можам да ги поднесам луѓето кои многу заработуваат, а не трошат ништо.
Мајка ми знаеше да каже: „Никогаш не се жртвувај за другите. Низ годините, сфатив што сакала да ми каже. Ако целосно се жртвувате, ќе се загубите себеси“.
Елизабета Втора, изгледа како насмеана верзија од мојата баба.
Е. П. | Црнобело