Факти за јутуберката Настја (9): Родителите дале отказ откако заработила милиони

Кога се родила, лекарите ѝ дијагностицирале церебрална парализа. Претпоставувале дека нема да може ниту да оди, ниту да зборува, а денес, на 9-годишна возраст, таа заработува милиони на Јутјуб – Што знаеме за јутјуберката Настја, која е омилена меѓу децата?

fakti-za-jutuberkata-nastja-9-roditelite-dale-otkaz-otkako-taa-zarabotila-milioni-vozat-djipovi-i-zhiveat-vo-majami-01.jpg

Малата Настја (9) е позната по нејзините Јутјуб видеа објавени на каналот Like Nastya, а се омилени меѓу децата од целиот свет. Според Forbes, таа важи за еден од најплатените јутјубери во светот.

На ранг-листата за 2022-ра година, блогерката Настја се најде на 6-тото место на најплатени јутјубери и инфлуенсери, со заработка од вртоглави 28 милиони долари.

fakti-za-jutuberkata-nastja-9-roditelite-dale-otkaz-otkako-taa-zarabotila-milioni-vozat-djipovi-i-zhiveat-vo-majami-02.jpg

Популарното девојче од Русија се пресели да живее во Мајами, а од видеата може да се види дека живеат во луксуз и богатство.

Настја има играчки и костими какви што ќе посака, мајка ѝ и татко ѝ возат скапи автомобили, а живеат во убаво уреден дом.

Но, приказната за успехот на Настја е сосема поинаква и неочекувана.

Настја Радзинскаја била родена во Крансодарската област во Русија, а за време на раѓањето лекарите ѝ дијагностицирале тешка форма на церебрална парализа и верувале дека девојчето никогаш нема да прозбори, ниту да оди.

fakti-za-jutuberkata-nastja-9-roditelite-dale-otkaz-otkako-taa-zarabotila-milioni-vozat-djipovi-i-zhiveat-vo-majami-03.jpg

Се верувало дека нејзината состојба е предизвикана од повреда во утробата на мајката.

„Ни рекоа дека Настја нема да може ниту да оди, ниту да зборува“ – раскажа мајка ѝ Ана во една пригода.

fakti-za-jutuberkata-nastja-9-roditelite-dale-otkaz-otkako-taa-zarabotila-milioni-vozat-djipovi-i-zhiveat-vo-majami-04.jpg

Од нејзиното раѓање па натаму, мајка ѝ Ана и татко ѝ Јури целосно биле посветени на подобрување на состојбата на девојчето. Мајка ѝ вели дека тие редовно ја носеле на лекарски прегледи и постојано разговарале со неа.

fakti-za-jutuberkata-nastja-9-roditelite-dale-otkaz-otkako-taa-zarabotila-milioni-vozat-djipovi-i-zhiveat-vo-majami-05.jpg

Кога наполнила 2 години, и родителите, и лекарите сфатиле дека Настја се развива сосема нормално.

„Можеби помогна тоа што ја опсипувавме со љубов или, пак, лекарите згрешија со дијагнозата“ – вели мајка ѝ.

fakti-za-jutuberkata-nastja-9-roditelite-dale-otkaz-otkako-taa-zarabotila-milioni-vozat-djipovi-i-zhiveat-vo-majami-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Ги гледал своите родители додека се тепаат, а на 18 години бил силуван од маж - Тешката животна прик... Најпосакуваниот маж во Холивуд имал ужасно детство. Онесвестен бил затворен во б...
Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
Смешни цитати во кои ќе се пронајде секој родител „Кога на првото дете ќе му падне цуцлата, ја стерилизирате. Кога на второто дете...
Мажите ѝ пишувале љубовни писма: Факти за Мона Лиза, најпознатата слика во светот Мона Лиза е портрет направен според жена со сосема друго име, но самата слика им...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg