Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


„Ниту едно добро дело не поминува неказнето“ - Моќни цитати од Оскар Вајлд во кои ќе се пронајде секој

Во текот на неговата долга кариера, познатиот ирски писател од 19-тиот век, пишувал поеми, новели, епиграми, есеи и кратки раскази.

nitu-edno-dobro-delo-ne-pomiuva-nekazneto-mokjni-citati-od-oskar-valjd-vo-koi-kje-se-pronajde-sekoj-01.fw.jpg

Но без разлика што пишувал, мудроста и хуморот на Оскар Вајлд се секогаш препознатливи.

Во продолжение прочитајте некои од неговите најдобри цитати, со кои можеме да се поврземе дури и во 21-виот век.

„Светот е театарска сцена, а претставата има многу лоши актери.“

„Не сакам да одам во рајот. Таму нема ниту еден мој пријател.“

„Не го оставам за утре она што можам да го завршам задутре.“

„Модата е вид грдотија што е толку неподнослива, што мораме да ја менуваме на секои 6 месеци.“

„Не слушајте лоши работи, не зборувајте лоши работи и нема да ве канат на забави.“

„Добриот пријател секогаш ќе ви забоди нож напред.“

„Да живеете е најреткото нешто на светот. Повеќето луѓе само постојат, тоа е сè.“

„Никогаш не можете да бидете предобро облечени или премногу образовани.“

„Живееме во време каде што непотребните нешта се нашите единствени потреби.“

„Во светот има многу нешта што би ги фрлиле, доколку не ни беше страв дека ќе ги земе некој друг.“

„Најубавото нешто на светот е да направите анонимно добро дело и некој да дознае за тоа.“

„Образованието е неверојатно нешто, но добро е одвреме-навреме да се сетите дека она што вреди да се знае, никогаш не може да биде научено.“

„Циничниот човек ја знае цената на сè, но не ја знае вредноста на ништо.“

„Плачењето е за обични жени. Убавите жени одат на шопинг.“

„Досадна личност е онаа која ви ја зема самотијата без да ви прави друштво.“

„Имам едноставни вкусови. Секогаш сум задоволен со најдоброто.“

„Секој може да се сочувствува со страдањето на пријателот, но само посебниот човек може да се сочувствува со успехот на пријателот.“

„Животот никогаш не е фер, а можеби ова е добро за повеќето од нас.“

„Ниту едно добро дело не поминува неказнето.“

„Секогаш кога луѓето се согласуваат со мене, мислам дека сум грешка.“

„Постојат само два вида луѓе кои се навистина фасцинантни – луѓе кои знаат апсолутно сè и луѓе кои не знаат апсолутно ништо.“

„Ни ветуваа дека соништата се исполнуваат, но заборавија да спомнат дека и кошмарите се соништа.“

„Светот беше моја школка, но ја употребив погрешната виљушка.“

„Цитирањето е добра замена за мудроста.“

„Гледам мажи кои сакаат жени. Тие им даваат мал дел од својот живот. Но кога жените сакаат, тие даваат сè.“

„Некои предизвикуваат среќа каде и да одат, некои кога и да одат.“

„Секогаш простувајте им на пријателите. Ништо нема да ги разгневи повеќе.“

„Бидете свои. Сите други се зафатени.“

„Искуството е едноставно име што им го даваме на нашите грешки.“

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
Мажите ѝ пишувале љубовни писма: Факти за Мона Лиза, најпознатата слика во светот Мона Лиза е портрет направен според жена со сосема друго име, но самата слика им...
Спасил над 1.000 Евреи, умрел во сиромаштија: Вистинската приказна за Оскар Шиндлер (и неговата лист... Користејќи ги своето влијание и своето богатство, Оскар Шиндлер спасил над 1.000...
Смешни цитати во кои ќе се пронајде секој родител „Кога на првото дете ќе му падне цуцлата, ја стерилизирате. Кога на второто дете...
Причини поради кои жените го сакаат Пауло Коелјо Ги возвишува, знае да го каже токму она што сакаат да го слушнат, за нив вели де...
„Ги оставам луѓето кои не ме ценат - ја знам својата вредност“: Моќни цитати од легендарниот Ентони ... „Учам да не се срамам од моите емоции. Моите емоции ме прават маж“ - вели еден о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg