Сопругата и љубовницата му клечат пред нозе: Факти за бизарниот крал на Тајланд
Тој е најконтроверзниот крал на светот... Четири дена го кремираше кучето, носи контроверзна облека, ги малтретира жените, а љубовницата коленичи пред него додека сопругата седи до него.
Маха Ваџиралонгкорн (67) во мај 2019 беше крунисан за крал на Тајланд, со круна тешка 7 килограми.
Тој ја наследи власта по смртта на татко си во 2016 година и, иако е контроверзен и скандалозен и луѓето не го сакаат многу, во Тајланд постои закон против критикување на монархијата.
Маха има огромно богатство, а неколку дена пред крунисувањето се ожени со неговата долгогодишна партнерка и поранешна стјуардеса Сутида (41), која е 26 години помлада од него, со што таа сега е кралица на Тајланд.
Факти за најконтроверзниот крал на светот:
Во 2017 година Маха ја направи својата сегашна сопруга Сутида командант на кралската гарда.
Фотографиите од венчавката предизвикаа дебата во светот затоа што на нив кралицата лежи покрај нозете на кралот. Но, на кралот во Тајланд се гледа како на полубожество, па тоа се смета за нормално.
Маха зад себе има 3 брака, се смета за Плејбој и многу суров човек.
Покрај сопругата, Маха има и долгогодишна љубовница, која има 34 години и на неговата роденденска прослава љубовницата Синенат клечеше пред неговите нозе, додека сопругата седеше до него.
Ова е првпат по 1932 година во Тајланд монархот јавно да признае дека има повеќе од една партнерка, односно да практикува полигамија.
Љубовницата на кралот доби 4 ордени, а неговата сопруга не покажа никакви емоции додека кралот ѝ оддаваше почести. Таа е поранешен член на кралската гарда.
Во 2016 година осамнаа скандалозни фотографии од Маха, каде е облечен во кратка тесна маичка и има лажни тетоважи на телото. Тој се закануваше дека ќе го тужи Фејсбук за ширењето на фотографиите.
Неговата мајка уште во 1982 го претставила како Дон Жуан.
Во 1977 година Маха се ожени за првпат и тоа со негова братучетка, со која добија ќерка, но бракот од старт им беше осуден на неуспех бидејќи во текот на бракот тој доби 4 сина и ќерка со тогашната љубовница. Почна да живее со љубовницата, но сопругата не му даваше развод. Во 1993 тој ја тужеше и конечно доби развод.
Првата сопруга е десно