„Што нема да постигнеш со викање - ќе постигнеш со молчење“ – Мудрости од Африканските племиња
Има некои мудрости кои траат и важат со години, децении, векови... и се пренесуваат од колено на колено, несвесно.
Овие мудрости од Африканските племиња ќе ве научат важни животни лекции низ само неколку едноставни зборови.
Кратки, но важни за паметење:
„Ако имаш цел – ќе најдеш и пат.“
„Ако птицата го колва житото на твојот пријател – избркај ја. Ќе дојде време кога ќе го колва и твоето.“
„Ако некој ти каже дека гладот е подобар од ситоста, немој да му веруваш.“
„Подобро е непријателот да го задржиш надвор од домот, отколку да го бркаш од дома.“
„Грубите шеги на пријателот се исто што и предавството.“
„За гасење на пожарот не се бара чиста вода.“
„Знаењето е како стебло баобаб – еден човек не може сам да го префати.“
„Лагата има 7 краеви, а вистината само еден.“
„Лагата може да нанесе стопати поголема болка, отколку копјето.“
„Преголемата мудрост се граничи со глупавост.“
„Со претерана добрина нема да стигнеш далеку.“
„Само глупавиот човек може да го скршат ситници.“
„Што ќе ни е богатство, ако заради него во секој момент можеме да ја загубиме главата.“
„Што нема да постигнеш со викање – ќе постигнеш со молчење.“
М. Д. | Црнобело