7 практични совети како да најдете време за сè што сакате
Светот во кој живееме ни нуди огромен број можности за учење нови нешта, доживување нови авантури и запознавање многу нови луѓе. Но, како да најдеме време за сето тоа?
Ефективното организирање на времето е првиот чекор кој ќе ви помогне да уживате во сите нешта кои ги сакате, без притоа да мора да се откажете од една активност за сметка на друга.
Следните совети ќе ви помогнат како правилно да го распоредите времето и да го извлечете максимумот од она кое ви го нуди животот:
1. Запишете сè што треба да наравите во текот на денот дури и ако сте сигурни дека нема да заборавите ништо
Направете листа на вашите секојдневни обврски, книгите кои сакате да ги прочитате или филмовите кои сакате да ги изгледате. Гледајте на тоа како на листа која секогаш ви помага да не заборавите ништо од супермаркетот.
2. Користете го правилно слободното време
Слободно време е времето кое го имате меѓу обврските во денот: чекање ред во банка, патување со автобус до работа... Не го пополнувајте ова време со некоја бесмислена игра на вашиот паметен телефон, туку прочитајте некоја книга, најдете некоја апликација за учење странски јазик...
3. Не го трошете времето на гледање реклами – гледајте филмови онлајн
Во денешно време телевизиските реклами траат речиси колку половина од филмот кој го гледате. Затоа наместо непотребно да го трошите времето на реклами, симнете ја или гледајте ја онлајн омилената серија, филм, шоу...
4. Запишувајте сè што сте направиле во текот на денот
Направете мал експеримент: земете тетратка и неколку дена запишувајте сè што ќе направите во текот на денот. Ќе се изненадите колку време трошите на неважни работи кои не ви носат никаква корист.
5. Не плашете се да му доделите некому дел од вашите обврски и задолженија
Прегледајте ја листата на активности кои треба да се направат во текот на денот и согласно можностите, доделете дел од нив на останатите членови на семејството. Така многу побрзо и поедноставно ќе се завршат работите, а вие ќе имате повеќе слободно време.
6. Не бидете премногу мрзливи за активности кои ќе ви одземат одвај 5 минути
Постојат задачи за кои навистина ви се потребни одвај 5 минути и токму затоа тие се често запоставени. Создајте навика да ги извршувате овие задачи секојдневно и на тој начин ќе стекнете навика за исполнување и на многу поголеми цели.
7. Редовно одмарајте, а не само тогаш кога сте целосно исцрпени
Идеално, треба да направите 10-минутна пауза на секои 50 минути работење и еден ден од неделата да си го посветите целосно себеси. На тој начин ќе се чувствувате помалку заморени и ќе бидете значително попродуктивни.
М. С. | Црнобело