25 работи кои секоја жена мора да ги направи сама барем еднаш во животот
Без оглед дали сте интровертни или екстровертни, понекогаш спонтаниот соло одмор е навистина добра идеја.
Постои добра причина зошто филмовите за независни жени се секогаш едни од најгледаните и омилените меѓу женската популација. Секоја жена барем за момент сака да биде подеднакво независна, храбра, одлучна, инспиративна и силна како главните хероини на овие филмови.
Едно истражување спроведено од страна на „British Journal of Psychology“ покажало дека интелигентните луѓе стануваат помалку задоволни доколку преголем дел од времето го поминуваат во друштво.
Со други зборови, квалитетното времето поминато сами со себе е добро за вашиот ум, за вашата добросостојба и за собирање нова енергија и идеи.
Токму затоа ова се 25-те работи кои секоја жена мора да ги нарави сама барем еднаш во животот:
1. Да отиде сама на патување.
2. Да најде ново хоби.
3. Да излезе сама на вечера во некој убав ресторан.
4. Да направи листа на животни цели.
5. Да отиде сама во кино.
6. Да си дозволи ден за спа и релаксација.
7. Да се запише на нов курс.
8. Да се препушти на целосно реорганизирање на домот.
9. Да се изгуби во сето она кое навистина ја привлекува.
10. Да си ја подготви омилената торта и да ја изеде сама.
11. Да најде сопствена мантра со која ќе ѝ почнува секој ден (тоа може да биде и некој стих од омилената песна).
12. Да најде време да размисли за сè што чувствува длабоко во себе.
13. Да седне во автомобил и да ужива возејќи со часови без конкретна дестинација.
14. Да отиде на планинарење.
15. Да седне и да испие релаксирано кафе во сопствениот дом.
16. Да најде време за себе.
17. Да го исклучи телефонот, телевизорот, компјутерот и сè она кое би можело да ѝ попречи да ужива во тишината.
18. Да ги прави сите оние нешта од кои се срами кога има некој наоколу.
19. Да се однесува како дете.
20. Да волонтира.
21. Да создаде сопствено уметничко дело.
22. Да продолжи со своето образование.
23. Да направи некое добро дело.
24. Да заборави на сите домашни обврски.
25. Да го направи она за кое отсекогаш сонувала.
М. С. | Црнобело