Најубавите мисли за мажите и жените: Ако имаш млада жена и старо вино, биди подготвен за полна куќа гости
Колку и да се критикуваме меѓусебно, ниту жените можеме без мажите, ниту мажите без жените. Многу текстови, дела, слики, мисли се создадени под инспирација од спротивниот дел.
Ви ги пренесуваме најубавите мисли за мажите и жените:
- Адам е единствениот маж на Земјината топка кој ја имал таа единствената можност и привилегија над сите останати мажи после него. Ева била единствената жена на светот која немала и не можела да му ги наброи сите мажи што ги имала пред него. ( Питер Јустинов )
- Кога жените се со замаглени очи, тогаш мажите не гледаат јасно. ( Мишел Турније )
- Кога мажите би настојувале да ги задржат своите жени исто како што и ги придобиле, тогаш разводи речиси и да нема. ( Фил Сетерс )
- Кога маж и се додворува на жена , тогаш тој верува дека ќе и се допадне. Кога на жената ќе и се допадне некој маж, тогаш таа очекува тој да и се додворува. ( Клаудија Кардинале )
- Мажите се љубоморни на нивните претходници, а жените на нивните наследнички. (Маршал Ашар)
- Најлошо зборуваат за жената, оние мажи кои биле најсреќни во љубовта. ( Јован Дучиќ )
- Паметната жена постапува со мажот како ковачот со железото: прво добро ќе го загрее а потоа го моделира по својот вкус. ( Среќко Лазар )
- Причината поради која мажите повеќе ја ценат убавината од интелигенцијата е што на светот има повеќе глупави отколку слепи. ( Де Вилморин )
- На жените им е потребен само еден знак, наговестување, еден момент, невидлив детаљ, ситен повод, а потоа самите: патат, се надеваат, фантазираат и плачат. ( Душан Радовиќ )
- Ако имаш млада жена и старо вино, биди подготвен на полна куќа гости. ( Душан Радовиќ )
- Бог не можел да биде на сите страни, па затоа ги создал мајките. ( Еврејска поговорка )
- Борите на лицето кај мажот му влеваат доверба, даваат шарм и топлина на машкото лице, истите тие бори на убавото женско лице изгледаат како зли отпечатоци и лузни, нешто накажано, небаре срамотно. ( Иво Андриќ )
- Две скорпии подобро ќе се согласат во една дупка, отколку две жени во една куќа. ( Арапска поговорка )
- Девојките мислат на брак, мажените на љубов. (Руска поговорка )
- Ниеден поет до ден денес не ги опеал очите на својата жена. ( Андре Мороа )
- Кој има млада жена и стара куќа секогаш има многу работа. ( Холандска псловица )
- Најдобрата жена е онаа жена, која со слушање знае да заповеда. ( Латинска поговорка )
- Не е интересно тоа што жените ќе ви го кажат, туку тоа што ќе го премолчат . ( Рајнер Марија Рилке )
- Има жени кои со годините се сè поневини. ( Грета Гарбо )
- Големото прашање на кое никогаш не си одговорив во моето триесетгодишно истражување и работење: Што всушност сака жената? ( Зигмунд Фројд )
- Идеален маж е оној кој не пие, не троши пари, не се коцка, не се интересира за други жени и кој воопшто не постои. ( Марлем Дитрих )
- Мажот се жени да побегне од жените, а подоцна трча по нив да побегне од жена му. ( Ромен Ролан )
- Нека ни помогне господ да гледаме на своите жени како на туѓи жени. ( Ви Дурант )
- Постојат два вида на мажи кои не знаат ништо за жените: Оженети и неоженети мажи. ( Саган )
- Ако жената најде љубовник, за тоа постојат само две причини. Или е заситена од својот маж или не е. ( Ликок )
- Некои мажи го имаат тоа што си го заслужиле, другите се неоженети. ( Валери )
- Архитектите своите грешки ги покриваат со мермер, докторите со земја, а жените со длабоко деколте. ( Минели )
Автор: М.К. | Црнобело