Не ги прави едрата поголеми од бродот: Краток избор на англиски поговорки
Англискиот јазик како мајчин јазик е 4 по ред во распространетост на светот, но убедливо најраспространет како втор јазик покрај мајчиниот. Денес речиси од секој се очекува да зборува на Англиски јазик.
Тој иако е познат првенствено како јазик на науката и технологијата, не треба да се заборави дека има и големо културно наследство.
Важен дел од тоа духовно наследство се и поговорките.
Еве неколку од нив:
1. Ако сакаш кокошката да ти носи јајца, мораш да го трпиш нејзиното кокодакање.
2. Подобро е чесниот човек да ти врзе една нитна, одошто нечесниот цел коноп.
3. Биде бавен кога одбираш пријатели, а уште побавен кога ги менуваш.
4. Воспитувај го детето првите 7 години, а потоа што сакаш прави со него.
5. Моќна и добра ретко може да биде само една личност.
6. Повеќе чини издржувањето на еден порок, одошто на две деца.
7. Таму каде може да стигнат рацете, овците одат голи.
8. И оној кој има најмногу време, најмалку го има за губење.
9. Кога љубовта е слаба, маните се дебели.
10. Кога ќе стигнеш на крајбрежјето, повеќе нема да молиш.
11. Кој ги навредува пријателите во шеги, сериозно ги губи.
12. Кој на време се плаши од опасностите, ретко кога ги чувствува.
13. Кој те измамил повеќе пати отколку ти самиот себеси?
14. Полесно е да се најдат празнини, одошто да се пополнат.
15. Мрзливоста толку бавно се движи да сиромаштијата може бргу да ја стигне.
16. Малку е важно која вера ја одбрал човекот.
17. Не ги прави едрата поголеми од бродот.
18. Не возвраќај на лутината со лутина, така се спасуваш и себеси и оној кој е лут.
19. Матните работи на богатите се прикриваат со злато.
20. Подобро е твоите пороци да умрат пред тебе.
21. Непотребните работи поскапи се по било која цена.
22. Никој не е толку добро поткопан за да не се лизне.
23. Оние кои бараат мани и ништо друго нема да најдат.
24. Светот не ги гледа твоите погодоци, туку твоите промашувања.
25. Учи го детето да го држи јазикот зад забите, а за зборување самото ќе се научи.