Инспиративни цитати за имагинацијата кои ќе ве натераат да сонувате со отворени очи
Доколку не сонуваме и живееме понекогаш во имагиниран свет, никогаш нема да бидеме задоволни од моменталниот живот и никогаш нема да се стремиме да го подобриме. Имагинацијата е добра бидејќи влијае врз нашата иновативност, успех на секое поле, како и стремење кон остварување на она за коешто постојано сонуваме.
Велат, оној сон кој постојано ви се враќа е вашата судбина и треба да го исполните! Овие цитати за имагинацијата ќе ве натераат да го направите тоа и да сонувате уште повеќе.
- Човек без имагинација, нема крилја.
- Замислете што би можеле да направите, ако направите сè што можете.
- Имагинацијата е место на кое се кријат сите важни одговори.
- Логиката ќе ве одведе од една до друга точка, имагинацијатаќе ве одведе секаде.
- Имагинацијата е орудието со кое се остваруваат соништата.
- Живеј ја твојата имагинација, не ја живеј твојата историја.
- Смеењето е безвременско, имагинацијата нема рок на траење, а соништата живеат засекогаш. Бидете како нив, останете безвременски, така нема да стареете и ќе живеете засекогаш.
- Имагинацијата е темел на верувањето, а верувањето темел на остварувањето.
- Имацинацијата создава независност, навлечете се на неа!
- Имагинацијата одлучува за сè, вие само ги преземате нејзините чекори.
- Имагинацијата нема граници, немајте и вие, замислувајте.
- Животот е сон, а ние сме имагинација на самите себеси.
- Имагинацијата не е лек, имагинацијата е здравје.
- Не постои страст и љубов, таму каде што не постои имагинација.
- Имагинацијата ќе нè одведе секаде, без неа не одиме никаде, тапкаме во место.
- Имагинацијата ја создава реалноста, биди реален, но фантазирај.
- Имагинацијата е поважна од знаењето, а кога ова го рекол Алберт Ајнштајн тогаш не треба да се сомневате во него.
- Човек кој замислува и фантазира е слободен човек!