Сè што не сте знаеле за женските гради
Женските гради отсекогаш биле адут кој привлекува милион погледи, а воедно кријат милион интересни факти за кои никогаш претходно не сте се заинтересирале.
Најголемите гради во светот се со големина 38. Секако, не се работи за природни, туку за силиконски гради. Нивна сопственичка е една Бразилка, која со помош на 9 оперативни зафати влезе во Гинисовата книга на рекорди.
Големината на градите се зголемува од генерација на генерација. Стручните лица оваа појава ја објаснуваат како последица од промената на еколошката средина, употребата на хормонски лекови и други надворешни влијанија.
Левата града е секогаш поголема. Научните лица исто така утврдиле дека кај секоја жена левата града е секогаш поголема. Разликата е речиси незабележлива, но сепак може да се измери со голема прецизност.
Погледот во деколтето е машки рефлекс. Не е дека се ненаситни, се работи за природна реакција која се одвива ненамерно и тоа е докажано. Воодушевувањето на женските гради дури и го продолжуваат животот на мажите.
Во Англија живеат девојки со најголеми гради. Според истражувањето во кое учествувале произведувачи на градници, во Англија се продаваат градници со најголем обем. Повеќе од 50% од жените носат Д корпи. На второ место е Данска, а третото место го зазема Холандија.
Истражувањата потврдиле дека двете женски гради во просек тежат по 1 килограм, што претставува речиси 2% од вкупната женска тежина.
Операцијата за зголемување на градите е прва по бараност во Америка. На второ место е корекцијата на нос, а на трето липосукција.