Инспиративни мисли на познатите успешни лидери
Најуспешните компании во светот имаат една заедничка особина – беспрекорна грижа за нивните корисници со непрекинато унапредување и разбирање на нивните желби и потреби.
Како резултат добиваат поврзаност и доверба од корисниците:
1. Вашиот најнезадоволен купувач е ваш најдобар извор за учење – Бил Гејтс
2. Приближете им се на своите корисници повеќе од очекуваното. Толку блиску што ќе им кажете што сакаат и пред тие да го сфатат тоа – Стив Џобс
3. Најдобар начин да се пронајдете себе е да се изгубите, служејќи им на другите – Махтма Ганди
4. Своите корисници треба да ги прифатиме како гости на забава каде ние сме домаќини и постојано се трудиме нивното задоволство да биде на скалило погоре – Џеф Безос
5. Некои зборови може да бидат кратки и лесни за изговор, но нивното ехо се слуша со денови – Мајка Тереза
6. Она што го правите, правете го толку добро што сите ќе сакаат да го видат повторно и да го покажат на своите пријатели – Волт Дизни
7. Секогаш работете повеќе од она што се бара од вас – Џорџ Патон
8. Не е чесно да барате од другите да го направат за вас она што не го правите вие за себе – Еленор Рузвелт
9. Не барајте полесен живот, молете се да станете посилен човек – Џон Кенеди
10. Само животот во кој сме корисни и потребни за другите луѓе е вреден за живеење – Алберт Ајнштајн