Цитати од големиот Буковски

Неколку цитати од Буковски, кој иако многумина го сметаат за голем депресивец, сепак мора да признаеме дека е незаменлив.

citati-od-golemiot-bukovski-1

„Денес е еднакво добар ден како и сите други.“

„На некои жени им е потребен плен, крв, смртна опасност... тоа е инстинкт, така успеваат да ги зачуваат своите неонски насмевки и канибалски чувства.“

„Единствена утеха која ни останува е да се криеме сами сред ноќ, во некое напуштено место. Секое ново утро, помали сме од нула, а човештвото е чекан за мозокот.“

„Човекот може да ужива во тоа да го разбудат во 7.30 наутро, да скокне од креветот, да се облече, набрзина да јаде, да изврши нужда, да ги измие забите и косата, да се бори со сообраќајот и се тоа за да дојде до местото каде ќе заработува пари за некој друг, а од него ќе се бара да биде благодарен.“

„Кога ќе ги натераш да те мразат, тогаш биди сигурен дека добро ја работиш својата работа.“

„На она место каде се дели мозокот од душата, на разни начини влијае искуството – некои го губат паметот и стануваат душа: Лудаци. Некои ја губат душата и стануваат памет: Интелектуалци. Некои ги губат и двете и стануваат ОПШТО ПРИФАТЕНИ!“

„Дали веруваш дека животот има цена? Јас не верувам во никакви цени... Јас сум сонувач.“

„Размислете двапати пред да скршите нечие срце.“

„Ние не ни прашуваме за среќа, ние само бараме помалку болка.“

„Можеби ќе бидам ангел... некој следен пат.“

„Јас не сум како други луѓе... другите луѓе се како другите луѓе.“

„КОГА ЌЕ ЗАМОЛЧАМ, ЌЕ СЕ СВРТАМ И ЗАМИНАМ, НЕ ЗНАЧИ ДЕКА ТИ СИ ПОБЕДИЛ... ТОА САМО ЗНАЧИ ДЕКА ВЕЌЕ НЕ СИ ВРЕДЕН ЗА МОЕТО ВРЕМЕ!“

Би можело да ве интересира:

Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
„Јас дојам, зашто сопругот не може, а тој спие зашто јас не можам“ – Забавни цитати за доењето „Знаете дека сте мајка која дои кога ќе одлучите што да облечете врз основа на т...
10 цитати за менталното здравје (ќе ви дадат сила во мрачните мигови) „Запомни, даваш сè од себе, некои денови ќе бидеш супер продуктивен/а, некои ден...
„Немам дечко, немам проблеми“: Забавни цитати за оние кои сами ќе го прослават Валентајн „Оваа година за Денот на вљубените ќе уживам во долга и романтична прошетка… до ...
Смешни цитати во кои ќе се пронајде секој родител „Кога на првото дете ќе му падне цуцлата, ја стерилизирате. Кога на второто дете...
На 14 години користел дрога, бил во затвор со Чарлс Менсон, а денес им помага на зависници – Факти з... Актерот Дени Трехо неколкупати бил во затвор, но откако избегнал смртна казна, р...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg