Интересни факти за гумата за џвакање
Гумите за џвакање се идеја на американскиот научник и иноватор Томас Адамс, кој дошол на оваа идеја додека работел како помошник на мексиканскиот водач Антонио Лопез де Санта Ана.
Овој лидер постојано џвакал плодови од дрвјата наречени - chicle. Адамс од овие плодови сакал да направи нов вид гума за џвакање, но кога не успеал, едноставно во плодот додал само шеќер и така настанала првата гума за џвакање.
Ова се неколку занимливости за гумите за џвакање:
- Древните Грци џвакале мастика - гума за џвакање направена од смолата на даб.
- Древните Маи ги џвакале веќе споменатите chicle - сок од плодот на дрвото sapodilla.
- Индијанците во Северна Америка џвакале растителен сок од смрека, а навиката им ја пренеле и на дојденците од Европа. Но, Европејците имале навика да џвакаат пчелен восок.
- Веќе во 1848 година Џон Б. Куртис ја направил и продал првата гума за џвакање која се викала: „Чиста гума од смреката од државата Мајн“. До 1850 година гумите од смрековите смоли ги заменил со гума од парафин на која и додавал разни вкусови.
- Во декември 1869 Вилијам Финли Семпл прв ја патентирал гумата за џвакање, а истата година и Антонио Лопез де Санта Ана го запознал Томас Адамс со плодот chicle.
- Томас Адамс во 1871 година патентирал машина за производство на гуми за џвакање.
- Џон Колган во 1880 година измислил постапка со чија помош гумите за џвакање го задржувале првобитниот вкус подолго за време на џвакањето.
- Во 1888 година, Томас Адамс за прв пат ги понудил за продажба своите гуми за џвакање наречени Тути Фрути во апарати за самопослужување.
- Го 1899 година еден фармацевт од Њујорк - Френклин В. Кенинг, измислил Дентална гума за џвакање која е добра за забите.
- Френк Флер во 1906 година прв измислил гума за џвакање со која може да се дуваат балони. Истата ја нарекол Blibber-Blubber.
- Во 1914 година направени се гумите за џвакање Wrigley кои се продаваат и ден денес ширум светот. Вилијам Вригли Јуниор е заслужен за додавање ментол и овошни екстракти во овие гуми за џвакање.
- Волтер Димер во 1928 година ги измислил Double Bubble гумите за џвакање.