Бил доставувач на пица, сака уште тетоважи на лицето - Кој е Теди Свимс, новата светска музичка ѕвезда?
Можеби името Теди Свимс не ви е познато, но сигурно сте слушнале барем еден од неговите мегахитови Lose Control или The Door, со кои преку ноќ стана светска ѕвезда.
Свимс, за многумина е „човекот кој ја врати музиката во музиката“, а со својот зарипнат, но раскошен глас, ги воодушеви и светските музички ѕвезди.
Пејачот, чие лице е покриено со тетоважи и кој не изгледа како типична пок-соул-аренби ѕвезда, неодамна откри дека неговата девојка е бремена, а дека тој на 32 години ќе стане татко.
Интересно е и тоа што на концертите, тој многу често знае да ги соблече чевлите, па да продолжи да пее бос или по чорапи.
А концертите, му се секогаш распродадени и публиката со нетрпение чека да го слушне во живо.
Што знаеме за Теди Свимс, пејачот кој ѝ даде нов тек на музиката во последнава година?
Роден е на 25 септември 1992 година во Атланта, Џорџија, а неговото вистинско име е Џејтен Колин Димсејл.
Уметничкото име Теди го добил заради тоа што отсекогаш бил дебел па го викале мечка (teddy bear), а презимето Свимс е уште еден прекар, кој го добил поради неговата љубов кон пливањето (swim = плива).
Неговиот дедо бил госпел пејач и Теди од него го наследил музичкиот ген, но и љубовта кон музиката.
Како дете научил да свири гитара и пијано, а семејството отсекогаш ги поддржувало неговите музички амбиции.
Тој бил талентиран рагбист и активно играл рагби во средно школо.
Но, освен во спортот, тој бил вклучен и во училишните театарски претстави, со што го покажал својот раскошен уметнички талент.