Денес има повеќе робови од кога било: Статистички факти што ќе ви го променат погледот за светот
Се проценува дека денес околу 50 милиони луѓе се робови, од кои дури четвртина се деца. За споредба, за време на ропството во САД биле поробени околу 12 милиони Афроамериканци.
Кога правиме споредба на статистички факти, навистина почнуваме да го гледаме светот од нова перспектива.
Главно ова се факти за кои донекаде сме свесни, но не ја сфаќаме нивната значајност додека не ги споредиме со друг сличен факт.
Неколку факти што сигурно ќе ви го променат погледот за светот:
Повеќе луѓе загинале во термалните базени во Јелоустоун отколку од мечките кои живеат таму
Националниот парк Јелоустоун кој се наоѓа во САД е еден од најимпресивните во светот.
Покрај природата и живиот свет, паркот е познат и по термалните базени чија вода има температура и над 90 степени Целзиусови.
Поради ова, во областа со базените има безброј знаци за предупредување, но некогаш посетителите не ги почитуваат.
Па, од отворањето на паркот во 1872-ра, се повредиле стотици луѓе, а загинале дури 22-ца откако паднале во базените.
Во истиот временски период, имало помалку смртни случаи од мечки и други диви животни во паркот.
Фејсбук има повеќе месечни корисници отколку целата популација во 1950 година
Од основањето во 2004 година, Фејсбук прерасна во најголемата социјална мрежа со милијарди корисници.
Според последните податоци од септември 2024-та, Фејсбук има нешто повеќе од три милијарди активни корисници месечно.
Во 1950 година, во светот имало 2,5 милијарди луѓе.
Втора најпопуларна социјална мрежа е Инстаграм, но за разлика од Фејсбук, има „само“ две милијарди активни корисници месечно.