Денес има повеќе робови од кога било: Статистички факти што ќе ви го променат погледот за светот

Повеќе луѓе умираат додека прават селфи, отколку од напад од ајкула

Сигурно досега сте слушнале за бројни случаи каде што некој загинал додека пробувал да направи селфи фотка на ризично место.

А, студија од 2022 година покажала дека ваквите селфи фотки се поопасни и од ајкули.

denes-ima-povekje-robovi-od-koga-bilo-statistichki-fakti-shto-kje-vi-go-promenat-pogledot-za-svetot-06.JPG

Според студијата, претходната деценија биле забележани 90 случаи на фатални напади од ајкула.

Во истиот временски период, дури 379 луѓе загинале пробувајќи да направат опасно селфи.

denes-ima-povekje-robovi-od-koga-bilo-statistichki-fakti-shto-kje-vi-go-promenat-pogledot-za-svetot-07.JPG

Во Сан Франциско има повеќе кучиња отколку деца

Овој податок е од постара студија, но наводно е релевантен и денес.

Имено, во Сан Франциско во 2018 година живееле околу 118.000 деца, односно лица под 18 години.

denes-ima-povekje-robovi-od-koga-bilo-statistichki-fakti-shto-kje-vi-go-promenat-pogledot-za-svetot-09.JPG

Бројот на кучиња, пак, се движел помеѓу 120.000 и 500.000, додека некои студии сметаат дека најточниот број е околу 232.000 кучиња.

Тоа што животот во градот станува сè поскап оди во прилог на овој тренд – младите парови почесто се одлучуваат да вдомат куче, отколку да станат родители.

denes-ima-povekje-robovi-od-koga-bilo-statistichki-fakti-shto-kje-vi-go-promenat-pogledot-za-svetot-08.JPG

Денес има повеќе робови од кој било период во историјата

На ропството гледаме како нешто од далечното минато, но, за жал, тоа е присутно и денес, и тоа повеќе од кога било.

Иако процентот од вкупниот број луѓе на Земјата кои се заробени во модерно ропство е помал, нивниот број е многу поголем отколку во минатото.

Според извештај од 2022 година, денес околу 50 милиони луѓе се робови. За споредба, за време на ропството во САД, биле поробени околу 12,5 милиони Афроамериканци.

denes-ima-povekje-robovi-od-koga-bilo-statistichki-fakti-shto-kje-vi-go-promenat-pogledot-za-svetot-10.JPG

Во модерното ропство, околу 28 милиони луѓе се изложени на принудна работа, додека околу 22 милиони се заробени во принудни бракови каде што постои и сексуална експлоатација.

Највонземирувачки е фактот што околу четвртина од модерните робови се деца.

Можеби ропството денес не изгледа како во минатото, но страдањето на луѓето е исто – некои се уценувани, некои се држени присилно, некои биле измамени и оставени без лични документи во странство…

И, заедничко на сите им е дека немаат излез од нивната ситуација.

denes-ima-povekje-robovi-od-koga-bilo-statistichki-fakti-shto-kje-vi-go-promenat-pogledot-za-svetot-11.JPG

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Почесто бирај да те боли увото, отколку главата“ и уште 14 мудри поуки „Не е важно колку си убава, туку кому си му убава“. „Додека ти го гледаш туѓиот ...
Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
Смешни цитати во кои ќе се пронајде секој родител „Кога на првото дете ќе му падне цуцлата, ја стерилизирате. Кога на второто дете...
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
2 пати ќе загинел со неговиот авион, почина од рак на панкреасот – Факти за Патрик Свејзи 10 години се борел со алкохолизмот, пушел по 60 цигари дневно и двапати за малку...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg