Спасил над 1.000 Евреи, умрел во сиромаштија: Вистинската приказна за Оскар Шиндлер (и неговата листа)
Оскар добил и дозвола да ја премести фабриката во гратче во близина на неговиот роден крај и овде го направил „логорот“.
Во него сместил околу 1.000 Евреи на кои им обезбедил добри услови за живот, како и работа во фабриката.
Бидејќи неговата фабрика правела муниција за нацистите, Оскар лесно ги убедил надлежните дека неговите Евреи се клучни за вооружувањето на војската.
Па, Евреите кои живееле под негова заштита, практично биле спасени од концентрационите логори.
Одовде потекнува и познатата „Шиндлерова листа“.
Постоеле неколку листи, а дел од нив биле направени од службеник по име Марсел Голдберг.
Не е познато кој ги направил другите листи, додека Оскар не ги составувал самиот, единствено некогаш предлагал некои имиња.
На листите биле испишани имиња на Евреи кои биле „клучни за производството на муниција во фабриката на Оскар“.
Ова била лагата што Оскар им ја кажувал на надлежните, па луѓето од листата биле испраќани во неговиот „логор“ и со тоа биле спасени.
Околу 800 мажи и 300 жени имале среќа да се најдат на „Шиндлеровата листа“ и да ја избегнат сигурната смрт во логорите.
Операцијата за спасување го чинела Оскар речиси целото негово богатство.
По завршувањето на војната во 1945-та, Оскар со сопругата се преселил во Германија, каде што пробал да основа некој бизнис.
Иако имал поддршка од некои од Евреите што ги спасил, не бил многу успешен.
Потоа, во 1949-та, се преселил во Аргентина, за по неколку години повторно да се врати во Германија.
Починал во 1974 година, а бил погребан во Ерусалим.
По крајот на војната, и долго по неговата смрт, ретко кој знаел за доброто што го направил Оскар.
Ова се променило во 1982 година, со издавањето на книгата „Шиндлеровата листа“ (Schindler’s Ark) од Томас Кенили.
Иако книгата е класифицирана како историска фикција, авторот интервјуирал Евреи кои го преживеале холокаустот, а користел и достапна документација за да ја склопи својата приказна.
Подоцна, Стивен Спилберг го сними и филмот Schindler’s List, со што ја направи приказната за Оскар Шиндлер подостапна за јавноста.
Режисерот изјави дека не зел ни долар од заработката на филмот, бидејќи сметал дека тоа се „крвави пари“.
Спирова С. | Црнобело