Нема завршено средно, ќе донира пола од богатството: Кој е милијардерот што отиде на првата приватна вселенска прошетка?
Стана милијардер во 2020
Кога Џаред почна да продава акции од фирмата, задржувајќи 38% од нив, богатството нагло му се зголеми.
Во 2020-та, неговото богатство се проценуваше на 2,3 милијарди и тој се најде на листа на милијардери.
Денес богатството му се проценува на околу 1,8 милијарди.
Сопственик е и на друга моќна компанија
Во 2011 година, Џаред ја основа Draken International, компанија која тренира американски воени пилоти.
Денес неговата компанија поседува можеби најмногу приватни воени летала.
Држи рекорд за најбрз лет околу светот со мал авион
Во раните 2000-ти, Џаред стана пилот, а во 2009-та го направи најбрзиот лет околу светот со мал авион.
Летот траеше 61 час и 61 минута и сруши рекорд поставен уште во 1991 година.
Вети дека ќе донира половина од богатството
Со летот што го спомнавме претходно, Џаред собра 100.000 долари за фондацијата Make-A-Wish и оттогаш почна редовно да донира и да води добротворни кампањи.
А, подоцна изјави дека ќе донира половина од своето богатство, исто како Бил Гејтс.
Во брак е и има две ќерки
Џаред и сопругата Моника се во среќен брак скоро 20 години, но не е познато кога точно се венчале.
Имаат две ќерки, а велат дека љубовта кон вселената, технологија и филантропијата им е заедничка.
„Јасно ни е колку нашето семејство е среќно, а во светот има многу луѓе кои ја немале оваа среќа.
Па, не можеме да си замислиме да не се обидеме да го направиме светот подобро место. За нас, ова е обврска“, имаат изјавено двајцата.
За вселенската прошетка плати 200 милиони долари
Мисијата со вселенската прошетка на Џаред чинела скоро 200 милиони долари.
А, Џаред веќе има уплатено за уште два вселенски лета од компанијата на Илон Маск.
Со следната мисија, Џаред ќе отиде подалеку од Меѓународната вселенска станица – подвиг што го имаат направено само астронаутите од мисиите Аполо.
„Јас не бев роден кога човекот стапна на Месечината.
Дефинитивно сакам моите деца да сведочат на враќање на Месечината, посета на Марс и истражување на нашиот Сончев систем“, има изјавено милијардерот.
Целото видео од вселенската прошетка:
Спирова С. | Црнобело