Факти за Лена од дуото „Тату“: Виновна е за распадот на групата, во брак е со руски бизнисмен

Се претпоставува дека Лена Катина е одговорна за распадот на руското дуо „Тату“ бидејќи сакала соло кариера. Таа до денес не е во најдобар однос со колешката од групата, иако имаа неколку заеднички настапи.

fakti-za-lena-od-duoto-tatu-vinovna-e-za-raspadot-na-grupata-vo-brak-e-so-ruski-biznismen-01.jpg

Во раните 2000-ти, руското дуо „Тату“ (t.A.T.u.) беше едно од најпознатите не само во регионот, туку и ширум светот.

Дуото го сочинуваа Јулија Волкова и Лена Катина.

Тие издадоа неколку хитови, како All About Us и All the Things She Said, а покрај одличните вокали, за успехот сигурно им помогна и лагата дека се пар.

fakti-za-lena-od-duoto-tatu-vinovna-e-za-raspadot-na-grupata-vo-brak-e-so-ruski-biznismen-03_copy.jpg

По распаѓањето на групата, Лена и Јулија ставија крај на нивното пријателство и иако низ годините неколкупати настапуваа заедно, наводно уште не го подобриле односот меѓу нив.

Неколку фатки за Лена Катина од дуото „Тату“:

Лена, чие вистинско име е Елена, ја почнала музичката кариера на само 8-годишна возраст.

Тој период станала дел од музичката група Neposedy каде што ја запознала Јулија Волкова и двете девојки веднаш станале пријателки.

fakti-za-lena-od-duoto-tatu-vinovna-e-za-raspadot-na-grupata-vo-brak-e-so-ruski-biznismen-05.jpg

Во 1999-та, кога имала 14 години, станала дел од дуото „Тату“ основано од рускиот музички продуцент Иван Шаповалов.

Првата песна на дуото – All the Things She Said – стана број еден хит во дури 19 држави, вклучувајќи ги Англија и Австралија.

Девојките станаа познати и поради гласините дека се лезбијки, особено по објавувањето на нивниот прв музички спот во кој се бакнуваат.

Своевремено, спотот за All the Things She Said беше еден од најконтроверзните, па дури и беше забранет во неколку држави.

fakti-za-lena-od-duoto-tatu-vinovna-e-za-raspadot-na-grupata-vo-brak-e-so-ruski-biznismen04.jpg

Подоцна се шпекулираше дека продуцентот инсистирал Јулија и Лена да глумат лезбијки со цел да стекнат поголема популарност.

Сепак, Лена тврдеше дека тоа воопшто не било точно.

„Нашиот продуцент никогаш не ни рече дека треба да глумиме лезбијки. Јас барем не се сеќавам на таков разговор.

Кога го снимавме спотот за песната, тој како на шега ни рече дека ќе треба да се бакнуваме со Јулија. Но, сепак не се шегуваше“.

Најверојатно, Лена е одговорна за распаѓањето на групата бидејќи почнала да размислува за соло кариера.

До 2011 година, тие веќе открија дека се разделуваат, а се очекуваше Лена да издаде свој соло албум следната година.

Лена почна да се пробива како соло артист, а понекогаш пееше песни од „Тату“.

Во една пригода, Јулија го искажа својот револт за ова, истакнувајќи дека Лена треба да пее свои песни штом сакала соло кариера.

„Има право да ги пее песните на ’Тату‘, но тоа е глупаво. Ако е соло артист, тогаш треба да има свои песни.

Мислам дека сето ова е смешно и дека нејзината кариера нема да трае долго“.

Наводно, тие до денес не се во најдобри односи, но сепак имаа заеднички настапи во 2022 и 2023 година.

fakti-za-lena-od-duoto-tatu-vinovna-e-za-raspadot-na-grupata-vo-brak-e-so-ruski-biznismen-02.jpg

Во 2013 година, Лена се венча со музичар со потекло од Словенија, а следната година откри дека очекуваат дете.

Во 2019-та, тие се разведоа.

https://www.instagram.com/p/CuJ66x6N52q/?hl=en

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
На 14 години користел дрога, бил во затвор со Чарлс Менсон, а денес им помага на зависници – Факти з... Актерот Дени Трехо неколкупати бил во затвор, но откако избегнал смртна казна, р...
Стана татко на 56 години, бил сексуално злоупотребуван како дете: Се сеќавате ли на вујко Џес од Ful... Има 61 година, но и понатаму е истиот шармер како во времето кога го глумеше вуј...
17 демотивациски цитати за луѓето кои мразат инспиративни пораки Направете нешто добро за некого денеска... оставете ги на мира, животот им е она...
8 факти и верувања што покажуваат зошто луѓето со зелени очи се посебни Знаевте ли дека најмногу луѓе со зелени очи се раѓаат во Шкотска, Ирска и северн...
Двапати имаше рак на дојка, беше во брак со нејзиниот телохранител: Факти за пејачката Анастасија И покрај бројните проблеми со здравјето, како Кроновата болест и двете дијагнози...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg