Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу
Синатра побарал развод по две години брак
Снимањето на Rosemary’s Baby се одвивало подолго од планираното, а ова значело дека Синатра морал да ја чека Миа.
Гневен поради ова, но и фактот што Миа имала работа, Синатра отишол на сетот со документи за развод.
За неговиот филм, пак, најмил потполно друга актерка.
Останале добри пријатели по разводот
И покрај ненадејниот крај на бракот, Миа и Синатра останале во мошне добри односи.
Всушност, и самата има изјавено дека доколу не посакала да глуми, можеби и ќе останеле заедно.
„Френк би рекол дека јас не требаше да снимам ниту еден филм.
Имаше речено дека тој заработувал доволно, па немало потреба јас, како жена, да сакам да правам нешто друго.
Тогаш мажите размислуваа така… И, жените се чувствуваа виновни ако сакаа да прават нешто.
Но, Френк ми се враќаше, одново и одново, и како да не се разделивме“.
Се венчала вторпат
По разводот со Синатра, кариерата на Миа тргнала во нагорна линија, а и го запознала композиторот Андре Превин.
Тој период Андре уште бил во брак, но почнале афера со Миа и таа останала бремена.
Андре ја оставил сопругата и набрзо потоа добил близнаци со Миа.
Бившата на Андре била пејачка, па дури и напишала песна за аферата насловена Beware of Young Girls (Пазете се од млади девојки).
Посвоија неколку деца
Миа и Андре биле во брак девет години и по близнаците добиле уште едно дете.
Покрај трите биолошки, додека биле заедно, тие и посвоиле три деца.
Оттогаш Миа посвои уште неколку деца и има 14.
Имаше бизарна врска со Вуди Ален
Миа Фароу и Вуди Ален беа заедно 12 години, а во тој период имаа едно биолошко дете и заедно посвоија уште две.
На нивната врска ѝ дојде крајот поради навистина бизарна причина – Вуди Ален почнал афера со една од посвоените ќерки на Миа, Сун-Ју Превин.
Миа и Вуди се разделија, а режисерот ја продолжи врската со посвоената ќерка, во 1997-ма се венчаа и се заедно до денес.
Прочитајте повеќе: Вуди Ален се ожени за посвоената ќерка на бившата жена – приказната за најконтроверзниот холивудски пар
Три деца ѝ починаа
Три од 14-те деца на Миа починаа. Трите деца беа посвоени, а по нивната смрт актерката се соочи со критики и шпекулации, по што реши самата да открие што точно се случило.
17-годишната Там почина во 2000-та од случајно предозирање од лекови. Имено, таа имала силни мигрени и проблеми со срцето и ненамерно се предозирала со лековите.
Другата ќерка, Ларк, почина во 2008-ма на 35-годишна возраст од компликации поради СИДА.
Синот Тадеус почина во 2016-та на 29-години. Тој живеел со неговиот партнер и планирале да се венчаат, но раскинале, по што тој си го одзел животот.
Спирова С. | Црнобело