Се родила додека мајка ѝ била во затвор - Факти за Лејтон Мистер
Во брак е со колегата Адам Броди
И двајцата актери не кажуваат ништо за приватните животи, но според некои извори, почнале да се гледаат во 2013-та.
Се венчаа следната година, на тајна церемонија, а денес имаат и две деца.
Има издадено албум
Лејтон Мистер е и талентирана пејачка и во 2014 го издаде нејзиниот прв албум насловен Heartstrings.
Не е многу блиска со Блејк Лајвли
Во серијата Gossip Girl, Лејтон и Блејк глумеа најдобри пријателки.
Во реалноста, не биле воопшто блиски.
Всушност, извесен период имаше и гласини дека воопшто не се поднесувале, дури и дека се мразеле.
Сепак, двете ги немаат коментирано шпекулациите.
Има изјавено дека работењето на Gossip Girl не било најпријатно
Додека тинејџерките ширум светот сонуваа да бидат на нејзино место, Лејтон има изјавено дека работењето на серијата било „токсично“.
Таа вели дека за млада актерка, воопшто не било добро што постојано сите гледале во неа, вклучувајќи и многу возрасни мажи.
„Денес не ме прогонува тој период од животот, но интересно ми е и ми помага додека го набљудувам како возрасна личност.
И, сега сметам дека тоа не е најздравата средина (за млада девојка)“.
Спирова С. | Црнобело