Луѓето емитуваат светлина и уште 6 забавни факти за човечкото тело
Во текот на денот, поради влијанието на гравитацијата, 'рбетниот столб малку се компресира, па поради ова наутро сме повисоки за околу половина сантиметар.
Човечкото тело е како машина. Доколку не сте биле запознаени со некои интересни факти за него, ви пренесуваме неколку научно докажани.
Забавни факти за човечкото тело:
Луѓето светат во темнина
Јапонски истражувачи со помош на многу чувствителни камери откриле дека телото испушта мали количества светлина, кои се премногу слаби за да се регистрираат со човечкото око.
Иако одамна е познато дека сите живи суштества произведуваат мало количество светлина, што е последица на хемиски реакции во клетките, Јапонците за првпат успеаја да го докажат и снимат тоа.
Повисоки сме наутро отколку навечер
Можеби е подобро да играме кошарка наутро, бидејќи телото тогаш е во просек половина сантиметар повисоко отколку навечер.
Можеби звучи чудно, но дополнителната висина произлегува од декомпресирањето на 'рбетниот столб додека спиеме. Во текот на денот, поради влијанието на гравитацијата, 'рбетниот столб малку се компресира, па оттаму и оваа мала разлика во висината.
Јазикот има оригинален отпечаток
Исто како и отпечатоците на прстите, отпечатокот од јазикот е различен за секој човек.
Поради уникатноста на неговата форма и физиолошка текстура, тој е корисен во одредувањето на идентитетот на една личност.
Кожата е најдебела на стапалата
Кожата е најдебела на дланките и стапалата, а нејзината дебелина на овие делови од телото е околу четири милиметри.
Исто така, таа има најмногу потни жлезди во овие делови.
Слепото црево не е бескорисно
Долго време се сметаше дека слепото црево е сосема бескорисен орган, но тоа има своја функција, бидејќи претставува „безбедна зона“ за корисните бактерии кои живеат во желудникот и го стимулираат варењето на храната.
Положбата на телото влијае на меморијата
Едно истражување покажало дека луѓето подобро се сеќаваат на работите доколку застанат во позицијата во која биле во тој момент.
Русокосите имаат повеќе коса
Знаевте ли дека природните русокоси имаат повеќе коса од темнокосите.
Тие имаат во просек 146.000 фоликули, а луѓето со црна коса имаат околу 110.000.
Црвенокосите имаат најмала густина на косата.
С. Ш. | Црнобело / фото: pexels.com