Проклетството на Џон Рокфелер: Еден негов внук го изеле човекојадци, а друга внука си ги убила ќерките
Една година по исчезнувањето на Мајкл, неговата мајка, Мери Кларк се развела од татко му заради психичко насилство.
Нелсон Рокфелер со семејството
Во 1978-ма година братот на Нелсон, Џон Рокфелер Трети починал во страшна сообраќајна несреќа на семејниот имот Покантико Хилс на 72-годишна возраст.
Нелсон Рокфлер, кој 4 мандати беше гувернер на Њујорк исто така почина на 70 години под сомнителни околности. Тој беше најден мртов во 1979-та година во неговиот дом каде бил сам со неговата 25-годишна асистентка, Меган Маршак.
Се верува дека тој имал афера со асистентката која чекала да помине цел час откако починал за да побара помош.
Во 1990-тата година се случи најголемиот скандал со семејството, кога обвинетиот убиец Кристијан Герхартсрајтер се претставуваше како Кларк Рокфелер и успеа да ги убеди сите дека е син на Џорџ Рокфелер и Мери Робертс.
Благодарение на лажниот идентитет успеал да се ожени со Сандра Бос, угледна Американка која завршила на Харвард. Тие двајца добиле ќерка, но по разводот Кристијан го киднапирал девојчето, а подоцна бил обвинет за убиство што го извршил во 1985-та година.
Последната трагична несреќа што го потресе семејството беше во 2014-та година кога Ричард Рокфелер загина во авионска несреќа додека се враќал од роденденската забава по повод 99-иот роденден на неговиот татко Дејвид Рокфелер.
Во 2013-та година Елен Рокфелер, внука на Џон Д., даде интервју и рече дека иако семејството целиот живот има големо богатство сепак животот воопшто не ѝ бил лесен. Како што вели, мајка ѝ целиот свој живот се борела со депресија, а татко ѝ постојано одел на состаноци.
„Не може да се каже дека привилегиите се поголеми од одговорностите и тешкотиите со кои се соочуваме. Но, заедничко за сите луѓе е да страдаат од нешто додека растат.
Не е важно дали имаме пари или немаме, сите ние страдаме на свој начин и воопшто не е важно колку пари имаме на нашата банкарска сметка, колку што е важно чувството дека вредиме“ – рече таа.
Инаку, најстариот жив член на семејството Рокфелер беше Дејвид, кој почина во 2017-та година, на 101 година. Тој беше најмладиот од внуците на Џон Д., кој целата своја кариера ја посвети на семејната империја.
Прочитајте и 10 најбогати луѓе кои некогаш чекореле на земјата – денешните богаташи се вистински „голтари“ за нив
Б. С. Б. | Црнобело