Проклетството на Џон Рокфелер: Еден негов внук го изеле човекојадци, а друга внука си ги убила ќерките

Ова презиме е синоним за богатство и се смета дека основачот на империјата бил првиот американски милијардер. Но, семејството Рокфелер многупати досега било погодено од скандали и трагедии. Што знаеме за нив?

prokletstvoto-na-semejstvoto-rokfeler-eden-vnuk-go-izele-chovekojadci-a-druga-vnuka-si-gi-ubila-kjerkite-01.jpg

Семејството Рокфелер е едно од најпознатите семејства на сите времиња. Благодарение на нивното огромно богатство, вмешаноста во банкарскиот сектор и во политиката, презимето Рокфелер е едно од најпрепознатливите и често се врзува за неизмерно богатство.

Но, заради големиот број трагедии, многумина велат дека ова презиме е проколнато со генерации наназад.

Династијата Рокфелер се воздигнува во XIX век, кога браќата Џон Д. и Вилијам Рокфелер ја основале компанијата Standard Oil која, меѓу другото, била задолжена за спроведување на осветлување во домовите по пристапни цени, благодарение на која се стекнале со богатство од 8,4 милијарди долари и се сметале за првите американски милијардери.

prokletstvoto-na-semejstvoto-rokfeler-eden-vnuk-go-izele-chovekojadci-a-druga-vnuka-si-gi-ubila-kjerkite-03_copy.jpgЏон Д. Рокфелер

Но, Џон и Вилијам успеале да ја изградат империјата така што ги откупувале помалите компании за обработка на нафта и граделе железници за да можат да ја контролираат доставата на ресурсите.

Џон бил заштитно лице на компанијата и тој го имал главниот збор за сите одлуки што биле поврзани со иднината на компанијата, но се верува дека условите во кои работниците работеле биле брутални.

Иако Џон Д. живеел до 97 години, неколку негови наследници имале трагичен крај на животот, заради што често се зборува дека семејството е проколнато.

prokletstvoto-na-semejstvoto-rokfeler-eden-vnuk-go-izele-chovekojadci-a-druga-vnuka-si-gi-ubila-kjerkite-04.jpgВилијам Рокфелер

Џон Д. имал вкупно 6 деца, а неговиот брат Вилијам исто така имал 6 деца, од кои две починале многу млади. Сè на сè, освен огромното богатство, браќата Рокфелер оставиле вкупно 10 деца.

Во продолжение да погледнеме дел од трагедиите што го погодиле семејството, заради кои се верува дека тие се проколнати:

Се верува дека најстариот син на Џон Д., Џон Џуниор, имал улога во т.н. „Масакр во Лудлоу“ во Колорадо, каде полициските службеници нападнале 1.200 работници кои штрајкувале во рудникот за јаглен, а животот го загубиле и 2 жени и 11 деца.

Иако целиот живот се трудел да биде посветен филантроп и да донира пари и средства за изградба на училишта и историски споменици, сепак, масакрот останува запишан во американската историја.

prokletstvoto-na-semejstvoto-rokfeler-eden-vnuk-go-izele-chovekojadci-a-druga-vnuka-si-gi-ubila-kjerkite-10.jpgЏон Д.. со Џон Џуниор и Нелсон Рокфелер

Една од првите трагедии што го погодила семејството е кога во 1951-ва година, правнуката на Џон Д. Винифред се самоубила заедно со нејзините две ќерки.

Винифред била најдена во гаражата на нејзиниот дом, и се верува дека тие трите починале од труење со јаглероден моноксид. Внуката на Рокфелер била најдена како лежи помеѓу два автомобили во гаражата, додека двете девојчиња седеле во задното седиште на автомобилот, а еден од автомобилите во гаражата работел.

prokletstvoto-na-semejstvoto-rokfeler-eden-vnuk-go-izele-chovekojadci-a-druga-vnuka-si-gi-ubila-kjerkite-02.jpgЏон Д.. Рокфелер со семејството

Десетина години подоцна, во 1961-ва година Мајкл Рокфелер, кој бил син на тогашниот гувернер на Њујорк и поранешен потпретседател на САД, Нелсон Рокфелер (еден од многуте внуци на Џон Д.) мистериозно исчезнал.

Мајкл бил заинтересиран за антропологијата и снимал документарен филм за цивилизациите што немале допир со модерниот свет.

prokletstvoto-na-semejstvoto-rokfeler-eden-vnuk-go-izele-chovekojadci-a-druga-vnuka-si-gi-ubila-kjerkite-12.jpgМајкл Рокфелер

По завршувањето на филмот, Мајкл одлучи да остане во Нова Гвинеја и да го проучува племето Асмати. Мајкл бил заедно со антропологот Рене Васинг на веслање со кану заедно со двајца локални туристички водичи, кога кануто се превртело.

Водичите испливале кон брегот за да донесат помош, но не се вратиле по што Мајкл тргнал сам кон брегот. Ова бил воедно последен пат некој да го види жив. Иако неговото семејство организирало потрага во џунглата никој не го видел повеќе.

Официјалната верзија е дека Мајкл се удавил, но многумина веруваат дека бил изеден од Асматите, кои се човекојадци.

prokletstvoto-na-semejstvoto-rokfeler-eden-vnuk-go-izele-chovekojadci-a-druga-vnuka-si-gi-ubila-kjerkite-06.jpgМајкл Рокфелер

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Ги гледал своите родители додека се тепаат, а на 18 години бил силуван од маж - Тешката животна прик... Најпосакуваниот маж во Холивуд имал ужасно детство. Онесвестен бил затворен во б...
Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Факти за единствениот жив син на Гризелда Бланко: Ја мрази серијата, има бизнис за марихуана Кратко пред премиерата на серијата Griselda, Мајкл Корлеоне Бланко, синот на так...
Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
Смешни цитати во кои ќе се пронајде секој родител „Кога на првото дете ќе му падне цуцлата, ја стерилизирате. Кога на второто дете...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg