Мајка му и сестра му загинаа во сообраќајка, вонбрачно дете со стриптизета - Кој е синот на Џо Бајден?
Во 2017 година, Хантер и сопругата Кејтлин најавија дека ќе се разведуваат.
Кејтлин го обвини Хантер дека трошел огромни суми за дрога, алкохол, проститутки, стриптиз клубови, па и за подароци за жените со кои имал афери.
Според Кејтлин, Хантер ги оставал неа и децата без пари за најосновните трошоци за живот.
Пред година-две, и Хантер и Кејтлин се огласија за бурниот развод.
За Good Morning America, Кејтлин изјави:
„Се бореше со страшна зависност од дрога, за мене беше болно и тој не беше личноста со којашто стапив во брак“.
Хантер пишуваше за пропаднатиот брак во неговите мемоари, истакнувајќи дека неговото неверство ја прелило чашата.
Во 2019-та се откри и дека тој има вонбрачно дете со стриптизета, за кое сега плаќа алиментација.
Кратко по разделбата од првата сопруга, Хантер почна да се гледа со вдовицата на неговиот брат – Хали Бајден.
Тие беа заедно околу две години, а наводно се зближиле поради семејната трагедија.
Само неколку седмици откако раскина со Хали, Хантер се венча со Мелиса Коен, и тоа по само шест дена врска. Парот уште е заедно и имаат едно дете.
Низ годините, Хантер беше вмешан и во неколку политички скандали, а имаше и проблеми со законот.
Прочитајте и: Се истакна со стајлингот на инаугурацијата, позира со неизбричени пазуви - која е поќерката на Камала Харис?
Спирова С. | Црнобело