Мајка му и сестра му загинаа во сообраќајка, вонбрачно дете со стриптизета - Кој е синот на Џо Бајден?
Животот на синот на Џо Бајден, Хантер, е исполнет со скандали, но и трагедии – мајка му и сестра му загинаа во сообраќајка, брат му почина од рак на мозокот, а самиот имаше проблеми со зависност од дрога и алкохол. Неговиот прв брак пропадна, а поранешната сопруга го обвини за неверство и трошење огромни суми пари на стриптизети.
Хантер Бајден е единствениот син на сегашниот претседател на САД. Покрај тоа што потекнува од моќно семејство, Хантер привлекува многу внимание и со скандалите, и тоа уште пред татко му Џо да стане претседател.
Животот на Хантер е исполнет и со трагедии – тој ги изгуби мајка му, сестра му и брат му, а имаше и проблеми со зависност од дрога и алкохол.
Неколку факти за Хантер Бајден што веројатно не сте ги знаеле:
Мајката на Хантер е првата сопруга на Џо Бајден – Нејлија.
Тој е роден во 1970-та, а кога имал само две години доживеал страшна сообраќајна несреќа.
Во автомобилот биле мајка му, брат му и неговата сестра која била бебе. Во автомобилот удрил камион, а мајка му и сестра му загинале.
Хантер имал скршен череп, а брат му завршил со скршена нога.
Хантер студирал на два универзитета и завршил со студиите во 1996-та.
Во меѓувреме, ја запознал и неговата прва сопруга – Кејтлин – со која се венча во 1993.
Поради несреќата во која ги загубил мајка си и сестричката, Хантер почнал да пие алкохол уште во тинејџерските години.
Подоцна самиот призна дека додека бил студент почнал да користи и кокаин.
Поради зависноста, Хантер неколкупати беше на рехабилитација.
Во 2015 година, Хантер се соочи со уште една трагедија, која наводно само му го влошила проблемот со алкохолизмот.
Неговиот брат почина од рак на мозокот, па Хантер им се вратил на пороците. Според некои извори, тој период Хантер излегувал од дома само за да си купи алкохол.
Неговата ќерка, пак, сподели дека со брат му биле како „едно срце, една душа и еден ум“, па за Хантер било особено тешко да се справи со неговата смрт.