„Мојот живот не беше тежок, туку авантура“ - Инспиративни цитати од Тина Тарнер што ќе ве мотивираат

„Никогаш не сум велела: ‘Немам ова или немам она’. Секогаш велев: ‘сѐ уште го немам ова, но ќе го добијам’“ – Овие инспиративни цитати од Тина Тарнер веднаш ќе ве кренат на нозе и ќе ве мотивираат да бидете истрајни и да верувате во успехот.

mojot-zhivot-ne-beshe-tezhok-tuku-avantura-inspirativni-citati-od-tina-tarner-shto-ve-motiviraat-za-uspeh-01.jpg

Во мај месец годинава светот го обиколи веста за смртта на една од најголемите музички ѕвезди од поновото време, Тина Тарнер.

Како жена и како музичка ѕвезда таа секогаш била инспиративна личност, затоа што и покрај скромните почетоци и тешката животна приказна успеа да се воздигне и да изгради кариера на која многумина можеа само да ѝ завидуваат.

Тина си замина, но зад себе остави голем број хитови, а некои од нејзините цитати и изјави долго време ќе се помнат.

Издвојуваме 11 моќни цитати од Тина што веднаш ќе ви ја кренат самодовербата и ќе ве натераат да ги засукате ракавите:

„Во секој миг имаме избор, дури и кога ни изгледа дека немаме. Понекогаш тој избор може да биде само да почнеме да размислуваме позитивно“;

„Колку повозрасни станувате, толку повеќе сфаќате дека не е важно што ќе ви се случи, туку како се справувате со тоа“;

„Ме прашувате дали некогаш сум се заложила за нешто. Да, се заложив за сопствениот живот“;

„Имав ужасен живот, но само продолжував напред. Само продолжувате со животот и се надевате дека нешто ќе излезе. Потоа дојде овој живот...“

„Никогаш не сум велела: ‘Немам ова или немам она’. Секогаш велев: ‘сѐ уште го немам ова, но ќе го добијам’“;

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
10 цитати за менталното здравје (ќе ви дадат сила во мрачните мигови) „Запомни, даваш сè од себе, некои денови ќе бидеш супер продуктивен/а, некои ден...
17 демотивациски цитати за луѓето кои мразат инспиративни пораки Направете нешто добро за некого денеска... оставете ги на мира, животот им е она...
Ги гледал своите родители додека се тепаат, а на 18 години бил силуван од маж - Тешката животна прик... Најпосакуваниот маж во Холивуд имал ужасно детство. Онесвестен бил затворен во б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg